Како да реагирате ако ве нападне куче?

Секој ден се среќаваме со голем број улични кучиња кои талкаат низ градот. Повеќето од нив не се опасни и нема да ви наштетат доколку не им додевате, но сепак некои се непредвидливи и знаат да бидат многу агресивни, особено ако возите велосипед. Во таква ситуација, најдобро е да останете смирени и да се сетите на следниве совети…

Како да реагирате ако ве нападне куче?

Не паничете!

Се верува дека кучињата и другите животни можат да го почувствуваат човечкиот страв. Меѓутоа, тешко е да се остане смирен кога некое агресивно куче ’ржи и лае по вас. Ако викате, мавтате со рацете или почнете да бегате, ќе го разбудите ловечкиот инстинкт на кучето и ќе го испровоцирате да ве нападне.

Забавете го трчањето и почнете да чекорите!

Доколку кучето ве пресретне додека џогирате, забавете го трчањето и почнете да чекорите. Свртете се и почнете да се движите во спротивна насока, но одвреме-навреме погледнувајте го кучето. Освен тоа, ако застанете мирно и ги испружите рацете покрај телото, кучето ќе изгуби интерес и ќе си отиде.

Не го гледајте кучето во очи!

Директниот контакт со очи може да го засили агресивното однесување на кучето. Ако го гледате во очи, тоа може да биде сфатено како закана и причина за напад. Држете го погледот на кучето, но одбегнувајте директен контакт со очи. Тоа ќе му даде знак дека не претставувате закана и веројатно ќе си отиде.

Одвлечете го вниманието на кучето со некој предмет!

Секој предмет може да ви послужи. Дајте му нешто да џвака, како на пример вашиот чевел, шише или ранец. Тоа ќе му го одвлече вниманието и ќе ви даде време да избегате.

Наредете му на кучето да се повлече!

Ако кучето продолжи да се однесува агресивно, соочете се со него (без да го гледате директно во очи) и наредете му да си замине. Мора да бидете силни и самоуверени, но не смеете да користите пискав глас за да дадете заповед. Најефективните команди се „Не“ и „Бегај“, кажани со цврст и строг тон на гласот. Кучето ќе се исплаши и ќе си замине.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар