Интровертите имаат попрецизен поглед кон светот за разлика од екстровертите

Добри вести за интровертните луѓе. Статистички гледано, има големи шанси нашите пријатели да се попопуларни од нас. На Фејсбук, вашите пријатели ќе имаат повеќе пријатели од вас. На Твитер вашите следачи ќе имаат повеќе следачи од вас. Во реалниот живот вашите сексуални партнери ќе имаат повеќе партнери од вас. Ова е познато како парадоксот на пријателството.

Интровертите имаат попрецизен поглед кон светот за разлика од екстровертите

Повеќето луѓе имаат неколку пријатели, додека мал број луѓе имаат многу пријатели. Поголема е веројатноста оние кои имаат многу пријатели да бидат и ваши пријатели. Екстровертите без сомнение имаат поголем круг познаници, па затоа тие се непропорционално позастапени на социјалните мрежи. Тоа значи и дека на социјалните мрежи има повеќе екстровертни луѓе отколку во реалниот свет.

Парадоксот на пријателството е повеќе очигледен кај екстровертите. Тие почесто се опкружени со луѓе, од кои повеќето исто така се екстроверти, па затоа ова резултира со нешто кое се нарекува наклонетост на мрежите кон екстровертноста. Тоа ни укажува на фактот дека социјалните мрежи ќе бидат преплавени со екстровертни луѓе, додека ќе недостасуваат оние кои се интровертни.

Истражувањето кое било објавено во списанието „Psychological Science“, се открива дека социјалните мрежи се погрешна претстава за пошироката општествена средина. Може да постои социјална пристрасност кон верувањето дека другите луѓе се поотворени отколку што навистина се.

Истражувањето исто така открива и дека интровертните луѓе имаат подобро разбирање за реалноста и подобро го разбираат светот бидејќи тие не се придржуваат до парадоксот на пријателството во другите области од животот. Едноставно тие се помалку запознаени со концептот.

Ако сте екстровертна личност, може да имате искривен поглед за тоа какви се вистински екстроверти. Ако сте интровертна личност, всушност може да имате прилично прецизен поглед кон сѐ.

Истражувањето покажало дека наклонетоста на мрежите кон екстровертноста без сомнение постои и е повеќе од очигледна на мрежите кои се преплавени од екстроверти. Степенот на наклонетост бил изненадувачки за истражувачите. Тие исто така откриле дека само оние кои се најголеми интроверти (кои преставуваат 1 процент од светската популација) можат да создадат мрежа која би можела да го репрезентира целото човештво.

Остатокот од нас гледа на светот низ искривени леќи, оние кои нѐ прават помалку популарни и сакани од нашите пријатели и ни даваат идеја дека сме помалку социјализирани од нив. Ова може да има големо влијание врз перформансите во работата, врските и самодовербата.

Запомнете, социјалните мрежи не се огледало на реалноста. Многу често тие се само проекција на фантазиите за тоа како луѓето ја замислуваат реалноста, а интровертните луѓе можат да го потврдат тоа.

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар