Интересна студија: Родените во 1930-тите имаат најмногу секс, а оние во 1990-тите најмалку…

Едно истражување од САД покажало дека луѓето денес имаат помалку секс отколку пред една деценија. Истражувањето покажало дека помеѓу 2010 и 2014 година луѓето имале секс 9 пати помалку отколку помеѓу 2000 и 2004 година.

kolku-chesto-treba-da-imate-seks-spored-naukata-kafepauza.mk

Ова значи 9 пати помалку за просечна личност и 16 пати помалку за брачните парови. Овие резултати се од луѓе со различна возраст, раса, локација, професија, како и луѓе со и без деца.

Изненадувачки, но луѓето кои имале најмногу секс се оние кои биле родени во 1930-тите и кои го достигнувале „врвот“ на нивниот сексуален живот во 1960-тите. Џин Твинџ, една од истражувачите, изјавила:

„Кога се зема предвид временскиот период, луѓето родени во 1930-тите имале секс најчесто, додека оние родени во 1990-тите имале секс најретко. Ова намалување не е поврзано со подолгото работно време и зголеменото користење порнографија.“

Па тогаш, која е причината?

Можеби сметате дека причината се социјалните мрежи, гледањето телевизија, видео игрите и слични нешта кои се постојано присутни во нашиот живот. Но, Џин смета дека причината не е тоа. Таа напишала:

„Резултатите укажуваат дека луѓето имаат помалку секс поради две причини. Зголемениот број луѓе кои немаат постојан или брачен партнер, како и намалувањето на интимноста помеѓу луѓето кои имаат партнер.“

Иако ова звучи лошо, сепак не е. Истражувањето покажало дека и покрај ова намалување, луѓето имаат секс барем еднаш неделно, или 54 пати годишно. Дури и паровите кои се во брак имаат секс околу 50 пати годишно. Оваа бројка била доволна за да се одржи среќата и задоволството.

Истражување спроведено од страна на Ејми Мус покажало дека имањето секс еднаш неделно е сосема доволно. Ако имате среќен живот и редовен секс, ова ќе води до уште повеќе среќа и има уште поголеми здравствени придобивки. Но истражувањето на Мус не покажало дека имањето секс почесто од еднаш неделно резултира со подобро здравје.

„Сексот е поврзан со задоволството во една врска. Но ако е почесто од еднаш неделно, овие придобивки не се менуваат. Ова не значи дека е лошо да имате секс почесто. Едноставно тоа нема да ве направи посреќен пар.“

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар