Дознајте која пеперутка го карактеризира вашиот месец на раѓање и откријте ја судбината што ве чека

Иако се нежни, слаби и со краток век, пеперутките се моќни претставници на животот. Ширум светот, тие се симбол на слобода, душа, надеж и промени. Пронајдете која пеперутка го претставува месецот во кој сте родени, а потоа прочитајте што таа претставува. Ќе дознаете интересни информации за себе.

Јануари

Вие имате големо срце и секогаш сте подготвени да сослушате некого. Сите ви се восхитуваат заради вашиот оптимизам и позитивност. Убави сте и слободни како пеперутка и ги правите другите среќни со самото влегување во просторијата. Можеби не сте забележале, но луѓето ве бараат, бидејќи го ценат вашето присуство.

Февруари

Штом зачекорите во просторијата, сите очи се вперени кон вас. Вашата самодоверба зрачи толку многу што луѓето не можат да го одвојат погледот од вас. Со својот став ги шармирате и мажите и жените, но најчесто луѓето или ве сакаат или не ве сакаат – нема средина.

Март

Можеби не знаете како секогаш да се извлечете од незгодните ситуации, но никогаш не би се откажале. Тоа е вашата најдобра особина. Дозволете да ве води интуицијата. Вие сте цврста и одлучна личност, полна со желба за живот, но имате и длабока и мрачна страна на личноста.

Април

Вие сте емотивна личност и не се плашите да го покажете тоа. Луѓето ја ценат вашата чувствителна страна и ве сакаат заради тоа. Можеби не сакате да поверувате во тоа, но вистина е. Вие го правите овој свет подобро место за живеење.

Мај

Вие сте неверојатна личност! За жал, вашата совршена појава за некои луѓе е застрашувачка. Оние кои ве познаваат ве сакаат онакви какви што сте. Иако имате волшебен изглед, вам не ви недостигаат длабочини – подготвените сте на сѐ за да им помогнете на семејството и пријателите.

Јуни

Вашиот мирољубив карактер е она што му е потребно на светот. Вие сте прекрасна личност, чувствителна и интуитивна, кога се во прашање желбите на другите. Човек не може да посака подобар животен партнер од вас.

Јули

Вие сте неверојатно храбра личност со силен карактер. Сепак, имате и чувствителна страна која ретко ја покажувате. Љубезни сте и ги почитувате луѓето околу вас – светот би бил подобро место доколку би имало повеќе луѓе како вас.

Август

Луѓето ви се восхитуваат заради вашата неверојатна искреност. Не постојат многу луѓе кои би ги признале сопствените грешки како што вие го правите тоа. Лесно ја стекнувате довербата на другите и уживате да бидете во центарот на вниманието.

Септември

Вие сте љубопитна личност со бујна фантазија која ужива во сонувањето. И кога нешто не оди по планот, вие сѐ уште знаете каде одите и како да стигнете дотаму. Луѓето го ценат ова кај вас и се подготвени да ги следат вашите чекори.

Октомври

Вие се соочувате со проблемите со многу енергија и одлучност, додека истовремено ја одржувате и рамнотежата во животот. Имате големо срце и со задоволство ќе ги сослушате оние на кои тоа им е потребно. Внимателни сте и подготвени да помогнете. Сепак, бидете внимателни, бидејќи нема сите да ја ценат таа добрина во вас.

Ноември

Вашата глава пука од идеи и сакате да ја набљудувате околината и луѓето кои ве опкружуваат. Не можат сите да разберат дека живеете во сопствен свет. Вашата глава може да биде заглавена во облаците, но вашите стапала и понатаму се цврсто на земјата.

Декември

Вие навистина сте поминале долг пат во животот. Она што ве прави посебни е тоа што никогаш не ви е доста и секогаш се надевате дека ве чека уште многу во животот. Вие сте емотивна личност и не се плашите да го покажете тоа. Не ги криете вашите чувства, бидејќи не се срамите да ја преземете одговорноста за вашите грешки. Луѓето го ценат тоа кај вас.

Вашиот месец на раѓање крие доста интересни работи за вас, па токму затоа дознајте која боја припаѓа на месецот во кој сте родени и зошто е важно да ја имате во животот.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар