Маж патува околу светот со улично маче

Во септември 2018-та година, Дин Николсон имал само една цел – да извози велосипед околу целиот свет. Тој го започнал неговото патување возејќи од неговиот роден град Данбар, Шкотска. 31-годишниот шкотски патник бил изморен од неговата работа како заварувач, па сакал да го промени неговиот животен стил и да го види светот од седиштето на велосипедот.

Маж патува околу светот со улично маче

Патувањето се одвивало одлично и Дин тргнал на југ, поминувајќи низ 8 држави и споделувајќи ги неговите луди авантури онлајн. Но кога ја минувал босанската граница со Црна Гора, неговите планови малку се промениле.

Дин искачувал стрмен рид, кога слушнал очајно мјаукање зад него. Кога забележал мало маче, решил да го погали и да продолжи со патот. Но, мачето имало други планови и веднаш ја покажало неговата љубов. Тоа едноставно не го напуштало Дин, и иако на почетокот не планирал да го земе со себе, наскоро се вљубил во него.

Знаел дека мачката е прегладната бидејќи наоколу немало никој, а нејзините сопственици намерно ја оставиле таму. По посета на ветеринар, Дин ја крстил Нала, по еден од ликовите во неговиот омилен анимиран филм – „Кралот лав“.

Маж патува околу светот со улично маче

На почетокот Дин немал место за мачето, па морал да биде креативен. Направил малку простор во неговата корпа, отстранил дел од дигиталната опрема и внимателно го сместил мачето. На овој начин, неговиот сопатник го имал најубавото место за патување.

Нала брзо го покажала нејзиниот авантуристички дух. Сакала да патува и воопшто не се вознемирувала од долгиот пат. Понекогаш излегувала од корпата и седела на рамото на Дин. Нала го привлекувала вниманието на сите и сите сакале да се фотографираат со неа.

Дин и Нала станале неразделни, патувајќи од град во град, истражувајќи нови локации, напуштени куќи и скриени места, а Дин навистина не можел да си замисли подобар пријател за патување.

Маж патува околу светот со улично маче

При крајот на годината, Дин не сакал да го одложува патувањето, па морале да патуваат низ дожд и студ, од што Нала добила инфекција на градите. Дин сфатил дека не сака да ја изгуби, па поминал неколку недели во хостел додека таа не оздрави. Со добрата нега на Дин, Нала брзо закрепнала и продолжиле со патувањето. Овој пат Дин ѝ направил водоотпорно засолниште, а нивната врска станала посилна од кога било.

Маж патува околу светот со улично маче

Маж патува околу светот со улично маче

Продолжува на следната страница

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар