Дознајте која боја припаѓа на месецот во кој сте родени и зошто е важно да ја имате во животот

Дознајте која боја припаѓа на месецот во кој сте родени и зошто е важно да ја имате во животот

Дали сте забележале дека некои бои ви пријаат повеќе од останатите? Боите може да откријат нешто скриено во вас, а со тоа се занимава бојострологијата (colorstrology). Месецот во кој сте родени често се поклопува со бојата која ви е омилена, а исто така сугерира и со која нијанса би требало да се опкружите за да постигнете рамнотежа во вашиот живот. Еве која боја е врзана за вашиот месец на раѓање и кон која треба да се свртите.

Јануари – Боја на карамела

Оваа боја зрачи со логика, цврстина, практичност и истрајност. Кога ќе почувствувате потреба за одговорност и стабилност опкружете се со оваа боја. Таа ве поттикнува да испловите и да ги остварите сопствените амбиции користејќи дисциплина и упорност.

Февруари – Јоргован или виолетова боја

Оваа боја ја поттикнува инспирацијата, мечтата и позитивноста. Препуштете ѝ се кога ќе се чувствувате дека сте емоционално заробени, бидејќи токму таа може да ви помогне да се ослободите и да го пуштите она што ве гуши. Ви помага да го видите најдоброто во луѓето и да ги доживувате луѓето во вашата околина како ваше семејство.

Март – Сино-сива боја

Оваа боја зрачи со емпатија, интуиција и суптилност, а треба да ја изберете кога ви е потребна инспирација или кога ви е потребно да се разведрите. Помага да се воочи разликата помеѓу свесното и несвесното.

Април – Боја на црвена пиперка

Боја која е енергична, храбра и огнена и која ви е потребна кога ќе останете без енергија и ќе се чувствувате несигурно. Ви дава ентузијазам и желба за победа, бидејќи таа дава сила и храброст кога се во прашање различните спортови и натпревари.

2-doznajte-koja-boja-pripagja-na-mesecot-vo-koj-ste-rodeni-i-zoshto-e-vazhno-da-ja-imate-vo-zhivotot-www.kafepauza.mk_

Мај – Зелена боја

Оваа нијанса на зелена боја овозможува стабилност, просперитет и виталност што пак ви создава баланс помеѓу силата и ранливоста.

Јуни – Златно-жолта боја

Оваа нијанса е стимулативна, позитивна и енергична. Посебно е важна во моментите кога ви е потребна помош во комуникацијата со другите или за подобрување на меморијата. Таа е прозрачна и преполна со позитивна енергија.

Јули – Корално-црвена боја

Оваа боја е нежна, сензибилна и блага. Кога ви е потребно емоционално лечење, љубов и грижа, особено после некои тешки трауматични случувања или промени, оваа боја може многу да ви помогне. Укажува на женствена енергија и помага да привлечете љубов и убави работи во животот.

Август – Сончево-портокалова боја

Бојата е силна, моќна и зрачи со самодоверба. Свртете се кон неа ако се чувствувате беспомошно, несигурно или ако ви треба поголема креативност и радост. Толку силна и моќна, оваа боја зрачи со својата големина и цврстина.

3-doznajte-koja-boja-pripagja-na-mesecot-vo-koj-ste-rodeni-i-zoshto-e-vazhno-da-ja-imate-vo-zhivotot-www.kafepauza.mk_

Септември – Виолетово-сина боја

Оваа боја е уметничка и зрачи со мудрост и разумност. Таа е задолжителна кога ви треба мир и помош при организирање на вашиот живот. Виолетово-сината боја е примамлива и посебна, и зрачи со убавина, чистота и мудрост.

Октомври – Морско-сина боја

Боја која е балансирана и смирувачка, тука е да ви помогне кога ви е потребен мир и смиреност, односно добар баланс помеѓу она што го примате и давате. Задолжителна е кога се во прашање мирот и смиреноста, бидејќи ве поттикнува да бидете посилни и поодлучни при донесувањето на одлуки.

Ноември – Бордо

И таа е интензивна, страсна и мотивирачка. Тука е кога ви е потребна помош во одредена фаза од животот или надминување на нешто што ве кочи на емотивниот план. Кога ќе посакате да го зголемите сексуалното возбудување, сетете се на оваа боја. Поттикнува љубов, сила и најдлабоки чувства.

Декември – Тиркизна боја

Оваа боја поттикнува мудрост и просветлување, а задолжителна е кога патувате, истражувате или барате некоја нова мистериозна авантура. Длабока и духовна, тиркизната боја симболизира голема мудрост, вистина и оптимизам.

4-doznajte-koja-boja-pripagja-na-mesecot-vo-koj-ste-rodeni-i-zoshto-e-vazhno-da-ja-imate-vo-zhivotot-www.kafepauza.mk_

Додека сме кај боите, погледнете што значи бојата на вашата аура.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

  1. Анонимен Reply

    годат пријаат

Остави коментар