До сите дипломци: Инспиративни цитати за љубовта кон животот, созревањето и соништата

Доколку штотуку ја земавте факултетска диплома можеби мислите дека сте завршиле со учење, но вистината е дека постојат уште толку многу работи што треба да ги дознаете. Крајот на образованието не го означува и крајот на учењето. Следниве инспиративни цитати ќе ви помогнат да го најдете вистинскиот пат, ќе ве поттикнат да ги проширите хоризонтите и ќе ве охрабрат да ги следите вашите соништа…

До сите дипломци: Инспиративни цитати за љубовта кон животот, созревањето и соништата

„Следете го вашиот сон. Тој ќе ве одведе до смислата на вашето постоење.“ – Опра Винфри

„Постојано ќе паѓате, но на светот не му е грижа колку падови имате сѐ додека нивниот број е помал од оној на вашите станувања.“ – Ерон Соркин

„По 20 години ќе бидете поразочарани од работите што не сте ги направиле отколку од оние што сте ги направиле.“ – Марк Твен

„Не ни треба магија за да го смениме светот, ние веќе ја носиме моќта што ни треба длабоко во себе. Имаме сила за да замислуваме подобар живот.“ – Џ. К. Роулинг

„Бидете храбри. Преземајте ризици. Ништо не може да го замени искуството.“ – Пауло Коелјо

„Иднината им припаѓа на оние кои веруваат во убавината на нивните соништа.“ – Елеонор Рузвелт

„Давајте сѐ од себе додека не станете попаметни. Кога ќе станете попаметни, бидете подобри.“ – Маја Ангелоу

„Имате мозок во главите. Имате стапала во чевлите. Можете да се движите во која насока сакате. Препуштени сте сами на себе. Го знаете она што го знаете. Вие сте тие кои одлучуваат каде ќе одите.“ – Доктор Сус

„Единственото место каде што се постигнува успех пред да се вложи труд се наоѓа во речникот.“ – Видал Сасун

„Потребна е храброст за да созреете и да станете она што навистина сте.“ – Е. Е. Камингс

Прочитајте ги и овие цитати за сите апсолвенти кои ќе ве потсетат дека можете да го промените светот.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар