Дали сте моќни, ранливи или трпеливи? Дознајте како месецот на раѓање влијае на вашиот карактер

За разлика од астрологијата, постојат одредени научни докази кои го потврдуваат влијанието на месецот на раѓање на нашиот карактер. Доколку верувате дека има некоја вистина во ова тврдење, тогаш веројатно знаете дека темпераментот, карактерот и судбината на жените не зависат само од нивното воспитување и животни искуства, туку и од месецот во кој се родени. Пронајдете го вашиот месец на раѓање и дознајте повеќе работи за себе…

Дали сте моќни, ранливи или трпеливи? Дознајте како месецот на раѓање влијае на вашиот карактер

Јануари

Најтрпеливите и најиздржливите жени се родени во овој месец. Тие никогаш не се жалат и не сакаат да паметуваат. Многу се горди и сакаат самостојно да ги решаваат нивните проблеми. Јануарските жени не го обожаваат чистењето и средувањето на домот, но затоа, пак, многу се вешти во кујната.

Февруари

Жените родени во февруари се упорни, тврдоглави, чувствителни и знаат да бидат одмаздољубиви. Имаат многу комплициран карактер. Склони се кон доживување нервен слом, но истовремено се одликуваат и со голема самоконтрола. Тие не се плашат од проблемите, а одлуките ги донесуваат импулсивно, без многу размислување. Постојано брзаат некаде и никогаш не се точни. Одлично манипулираат со луѓето и затоа честопати успеваат да изградат успешна кариера. Многу сакаат деца.

Март

Жените родени во овој месец се најчувствителни. Тие се многу ранливи и честопати ја покажуваат нивната тврдоглавост, што не им носи никаква корист. Знаат да бидат несигурни и тажни. Тешко им е да постигнат успех поради нивната срамежливост. Природата им подарила голем шарм и затоа честопати привлекуваат силни мажи кои сакаат да ги заштитат.

Април

Април е месец на храбри, упорни и мотивирани жени. Освен тоа, тие се рационални и практични. Секогаш знаат што сакаат и полека, но сигурно го постигнуваат она што го наумиле. Овие жени не поднесуваат нестабилност. Чувствата им се секогаш на второ место, по разумното размислување.

Мај

Во мај се раѓаат самостојни, бескомпромисни и одлучни жени. Не простуваат лесно и често донесуваат непромислени одлуки за кои подоцна се каат. Станува збор за тврдоглави жени-лидери. Нивната цел во животот е да го заземат местото на шефот, а не да пронајдат животен сопатник. Материјалните нешта се нивен главен приоритет.

Јуни

Јунските жени се многу внимателни. Честопати се ранливи и несигурни. Толку се добродушни што никогаш не ни помислуваат на одмазда. Не сакаат конфликти, имаат добра интуиција која им помага да ги одбегнат караниците. Тие се однесуваат според тоа како се чувствуваат во моментот.

Дали сте моќни, ранливи или трпеливи? Дознајте како месецот на раѓање влијае на вашиот карактер

Јули

Во овој месец се раѓаат скромни и срамежливи жени. Постојано се грижат и се самоанализираат. Тие се скромни и романтични, нивните чувства се многу длабоки, но никогаш не го покажуваат тоа. За овие жени домот и семејството се најважни.

Август

Најгордите и најнезависните жени се раѓаат во овој месец. Тие се добродушни и благородни, но и многу моќни. Сакаат да бидат во центарот на внимание и многу ја ценат нивната самостојност. Поседуваат голема харизма која го провлекува спротивниот пол како магнет. Сепак, тие најмногу ги ценат семејните односи. Многу се искрени и пристојни, па поради тоа честопати луѓето ги прелажуваат и изигруваат.

Септември

Септемвриските дами се емотивни и темпераментни. Тие се разликуваат од останатите жени благодарение на нивната борбеност и пресметливост. Многу се сакаат себеси, а знаат да бидат и малку себични. Не сакаат да трошат пари и многу тешко им паѓа позајмувањето и исплаќањето долгови. Сакаат да бидат во друштво, но секогаш гледаат да извлечат некаква корист од секоја можна ситуација. Многу се љубоморни, педантни и знаат добро да готват.

Октомври

Во октомври се раѓаат многу едноставни, комуникативни, одговорни и остроумни жени. Тие се практични и великодушни истовремено. Одлуките ги донесуваат многу внимателно. Имаат добра меморија. Многу се принципиелни, не го простуваат предавството и секогаш се обидуваат да го сочуваат семејството во кое заземаат лидерска положба. Овие жени се одлични домаќинки.

Ноември

Станува збор за пресметливи и себични жени. Тие се многу силни и поседуваат голема интуиција. Нивните сопружници ќе мора да се помират со фактот дека нивното мислење честопати нема да биде земено предвид. Знаат да чуваат и многу се економични. Тие се страсни и темпераментни во љубовта. Кога сакаат, љубат длабоко и силно.

Декември

Декемвриските жени се емотивни со експлозивен карактер. Тие се упорни, бестрашни, независни и способни да ги совладаат сите препреки што ќе им се најдат на патот до успехот. Многу се комуникативни и романтични. Тие се идеалисти и добри пријателки. Штедливоста не им е силна страна и многу се темпераментни, така што постои голема веројатност дека ќе наидат на потешкотии во семејниот живот.

Доколку ве заинтересира оваа тема, прочитајте нешто повеќе за тоа што го карактеризира вашиот месец на раѓање, како и за начинот на кој месеците на раѓање влијаат на карактерот на жените. Исто така ви препорачуваме да прочитате и што одредува вашиот ден на раѓање.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар