Д-р Ајнштајн, дали научниците се молат на Бога?

Помеѓу бројните лекции за животот од големиот Алберт Ајнштајн, меѓу најинтересните е неговиот став за религијата. Одбивал да се приклучи кон некоја со која владее „некој кој одредува правила и кој ги спроведува преку систем на награди и казни“. Не бил ниту атеист, за разлика од мнозинството научници од неговото време, туку се сметал за агностик. За него, природата, универзумот и Бог се едно исто. Својот религиозен систем го нарекувал космичка религија, а најдобро и наједноставно го објаснил во обраќањето до едно девојче од шесто одделение.Д-р Ајнштајн, дали научниците се молат на Бога?Во 1936 година малата Филис му пратила писмо на Ајнштајн прашувајќи го дали и за што научниците кажуваат молитви:

Драг д-р Ајнштајн,

Во нашето неделно училиште се запрашавме: „Дали научниците му се молат на Бога?“ Сè започна со прашањето дали треба во исто време да веруваме и во науката и во религијата. Затоа сега им се обраќаме на научници и на други важни луѓе во обид да добиеме одговор на нашето прашање.

Ќе ни биде чест ако ни одговорите на прашањето: Дали научниците му се молат на Бога и за што?“

Ние сме шесто одделение во класот на г-ѓа Елис.

Со почит,

Филис

Неколку дена подоцна големиот научник ја удостоил Филис со одговор во неколку реченици кој сликовито ги објаснува неговите религиозни сфаќања:

Драга Филис,

Ќе се обидам да го одговорам твоето прашање наједноставно што можам. Ова е мојот одговор:

Научниците веруваат дека сè што се случува, вклучително и она поврзано со луѓето, е резултат на делувањето на природните закони. Оттука, научникот не смее да си дозволи да верува дека со молитва може да влијае на текот на настаните, односно со исполнување на желбите од натприродни сили.

Сепак, мораме да признаеме дека немаме совршени познавања за овие сили, така што на крајот верувањето во постоењето на совршена, врховна духовна креација почива на одреден вид религија. Таквите верувања остануваат многу раширени меѓу луѓето и покрај денешните високи достигнувања на науката.

Но исто така, секој што е сериозно инволвиран во проучувањето на науката почнува да верува дека одреден дух се пројавува преку природните закони, дух кој што е многу посупериорен од човекот. Во оваа смисла проучувањето на науката доведува до религиозни чувства од посебен вид, многу поразличен од религиозноста на некои наивни луѓе.

Срдечен поздрав,

Ваш А. Ајнштајн

Д-р Ајнштајн, дали научниците се молат на Бога?


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

  1. Dejan Reply

    Toj “Duh” e dvigatel na se sto postoi, procitajte poveke okolu tretoto lice od Sveta Troica za da vi stanat jasni rabotite. Prkosam na eden od najgolemite umovi sto postoele da kazam deka sum del od “naivnite”.

Остави коментар