Цитати за одличен почеток на вашето утро

Утрото со себе носи нова надеж, нови цели и нови сили за нивно остварување. Секое утро е нов благослов од Бог, кој ви дава уште една шанса да направите нешто за себе, па и за светот. Сите знаеме колку е тешко да се започне работната недела, односно понеделничкото утро. За да се мотивирате дополнително, прочитајте ги овие цитати кои ќе ве потсетат дека секое утро е важно и дека треба да го започнете со насмевка и да бидете позитивни.

Цитати за одличен почеток на вашето утро

„Насмевнете му се на огледалото. Правете го ова секое утро и ќе почнете да забележувате голема разлика во вашиот живот.“ – Јоко Оно

„Кога ќе станете наутро, заблагодарете се за светлината, за вашиот живот, за вашата сила. Заблагодарете се за вашата храна и за радоста на живеењето. Ако не гледате причина за да се заблагодарите, вината лежи во вас.“ – Текумсе

„Никогаш не постоеле ноќ или проблем што можеле да ги поразат изгрејсонцето или надежта.“ – Бернард Вилијамс

„Кога ќе станете наутро, помислете на тоа колкава привилегија е да се биде жив, да се мисли, да се ужива, да се сака.“ – Маркус Аурелиус

„Секое утро носи нови потенцијали, но ако се задржите на неуспесите од претходниот ден, имате тенденција да пропуштите извонредни можности.“ – Харви Мекеј

„Бидете љубезни до 10 часот наутро и остатокот од денот ќе се погрижи за себе.“ – Елберт Хабарт

„Мислете во утринските часови. Дејствувате на пладне. Јадете во вечерните часови. Спијте во текот на ноќта.“ – Вилијам Блејк

„Старите пријатели поминуваат, доаѓаат нови. Исто како и деновите. Стариот ден поминува, доаѓа нов. Важно е да им дадете смисла: Значаен пријател или значаен ден.“ – Далај Лама

Цитати за одличен почеток на вашето утро

„Секој ден е како мал живот: Секое будење и станување е мало раѓање, секое свежо утро е мала младост, секој одмор и спиење е мала смрт.“ – Артур Шопенхауер

„Не е толку лошо колку што мислите. Наутро ќе изгледа подобро.“ – Колин Пауел

„Ако ви е досадно во животот и не станувате секое утро со желба да правите нешто, тогаш немате доволно цели.“ – Лу Холтс

„Првото нешто што треба да го направите наутро пред да станете е 3 пати гласно да кажете: ‘Јас верувам’.“ – Овидиј

„Вие не морате да имате постојани мислења. Секое утро можете да си помислите ‘Го сакам светот’, а да си легнувате секоја вечер мислејќи ‘Го мразам светот’.“ – Мишел Уелбек

„Го знаете тоа чувство кога ќе се разбудите наутро и сте возбудени за денот? Тоа е една од моите главни цели во животот.“ – Кирстен Данст

„Вашиот компјутер не треба да биде првото нешто што ќе го видите наутро и последното нешто што ќе го видите навечер.“ – Сајмон Манаринг

„Мојата формула за живеење е прилично едноставна. Станувам наутро и одам во кревет навечер. Во меѓувреме, се занимавам со најдоброто нешто што можам.“ – Кери Грант

„Без разлика колку се лоши работите, барем можете да бидете среќни што се разбудивте ова утро.“ – Д. Л. Хјули

Цитати за одличен почеток на вашето утро

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар