Цитати кои ќе ви покажат колкава е моќта на трпеливоста

Иако под влијание на стресниот модерен живот полека се губи, сепак, трпението е доблест која секој треба да ја негува. Доколку сте трпеливи не можете ништо да изгубите, туку само да добиете. Овие неколку цитати имаат за цел да ви прикажат колкава е моќта на трпеливоста.

Цитати кои ќе ви покажат колкава е моќта на трпеливоста

„Трпението не е само способност да се чека, тоа подразбира како се однесуваме додека чекаме.“ − Џојс Маер

„Имај трпение. Сите работи се тешки пред да станат лесни.“ – Саади

„Работете напорно. И имајте трпение. Затоа што без разлика кои сте, ќе бидете повредени во вашата кариера и треба да имате трпение за да поминете преку повредите.“ − Ренди Џонсон

„Нашето трпение ќе достигне многу повеќе отколку нашата сила.“ − Едмунд Бурк

„Имајте трпение со сите работи, но пред сѐ со себеси.“ – Свети Францис де Сејлс

Цитати кои ќе ви покажат колкава е моќта на трпеливоста

„Добриот карактер не се формира за една недела или за еден месец. Тој се создава малку по малку, ден по ден. Потребен е долготраен и трпелив напор за да се развие добар карактер.“ – Хераклит

„Со љубов и трпение, ништо не е невозможно.“ − Даисаку Икеда

„Човекот кој е господар на трпението, е господар на сѐ останато.“ − Џорџ Савил

„Ако сум ѝ сторил некоја услуга на јавноста, тоа се должи на моето трпеливо размислување.“ − Исак Њутн

„Кога имав 20 години, мислев дека имам 30, но бев премногу далеку од тоа. Кога сте млади, сакате сѐ да се случи сега. Како што растете, можете да погледнете наназад и да видите дека сите прекрасни работи сте ги постигнале со време и трпение.“ − Елиша Катберт

Цитати кои ќе ви покажат колкава е моќта на трпеливоста

„Никогаш не би научиле да бидеме храбри и трпеливи, ако постоеше само среќа на овој свет.“ − Хелен Келер

„Дури и среќниот живот не може да биде без одредена доза темнина, а зборот среќа би го изгубило своето значење ако не биде балансиран со тагата. Многу е подобро да ги преземате работите како што доаѓаат, заедно со трпение и леснотија.“ − Карл Јунг

„Постои нешто добро во секој навидум неуспех. Не треба да го видите тоа сега. Времето ќе ви го открие. Бидете трпеливи.“ − Свами Шиванада

„Бидете трпеливи и имајте разбирање. Животот е премногу краток за да бидете одмаздољубиви или злонамерни.“ − Филипс Брукс

„Колку повеќе се познавате себеси, толку повеќе трпение ќе имате за она што го гледате во другите.“ − Ерик Ериксон

Цитати кои ќе ви покажат колкава е моќта на трпеливоста


За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар