9 тајни кои ниту еден магионичар нема да ви ги открие

Сите деца веруваат во чуда, но кога ќе пораснат голема е веројатноста да го изгубат нивното чувство за магија. Сепак, некои возрасни повторно почнуваат да веруваат во магија кога ќе изгледаат изведба на некој илузионист. Денес имате можност да научите кои се тајните на некои од најпознатите магионичарски трикови.

1. Невидлив вагон

(1)9-tajni-koi-nitu-eden-magionichar-nema-da-vi-gi-otkrie-kafepauza.mk

Трик: Луѓето го обиколуваат вагонот држејќи се за раце. Потоа вагонот се покрива со голем чаршаф и почнува да лебди. Потоа забележувате дека всушност нема вагон под чаршафот.

Тајна: Вагон е скриен во посебен дел под сцената. Формата на чаршафот е задржана поради тенка рамка која се наоѓа под него. Луѓето не го забележуваат спуштањето на вагонот под сцената бидејќи светлината во тој период постојано се менува.

2. Поминување низ човечко тело

(2)9-tajni-koi-nitu-eden-magionichar-nema-da-vi-gi-otkrie-kafepauza.mk

Трик: Асистентот на магионичарот е сместен во тесна кутија со дупка во средината. Дупката е покриена со завеса. Илузионистот поминува низ дупката од задната страна, а изгледа како да поминува низ телото на асистентката.

Тајна: Кутијата изгледа тесна само кога личноста во неа стои целосно исправено. Но кога асистентката ќе ја промени својата положба има доволно место да се протне и магионичарот.

3. Риба во шише

(3)9-tajni-koi-nitu-eden-magionichar-nema-da-vi-gi-otkrie-kafepauza.mk

Трик: Магионичарот покажува шише кое е полно со вода и е затворено. Потоа шишето го покрива со шамиче, кажува „магични“ зборови, и откако ќе го тргне шамичето, во шишето има риба.

Тајна: Постои мал простор на врвот на шишето веднаш под капакот каде што стои рибата. Кога го трга шамичето, тој ја пушта рибата од просторот во шишето.

4. Голтање игли

(4)9-tajni-koi-nitu-eden-magionichar-nema-da-vi-gi-otkrie-kafepauza.mk

Трик: Авторот на овој трик е Хари Худини. Илузионистот проголтал 50 игли, а потоа го извлекол целиот „синџир“ игли од устата.

Тајна: Магионичарот не ги голта иглите, туку ги плука во чаша вода. Поради светлосните ефекти, никој не го гледа ова. Во меѓувреме „синџирот“ од игли веќе се наоѓа во устата на илузионистот и тоа околу парче картон. Кога ви ја покажува празната уста пред трикот, тој го покрива картонот со неговите прсти.

Продолжува на следната страница

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар