8 силни знаци дека сте изгубиле контакт со вашата интуиција

Колку пати сте се мислеле дали да направите нешто и разумот ви велел едно, но вие сте имале некое поинакво необјасниво чувство кое ви велело поинаку? Доколку сте секогаш рационални, веројатно сте го послушале разумот за подоцна да сфатите дека всушност сте требале да го слушате вашиот внатрешен глас. Познато е дека интуицијата ни помага да донесеме правилни одлуки, нѐ штити од опасности и ни помага да живееме најдобро што можеме.

8 силни знаци дека сте изгубиле контакт со вашата интуиција

Сите ние сме способни да ја слушаме нашата интуиција, но понекогаш не можеме добро да разбереме што ни вели таа бидејќи постои нешто што ја блокира нашата способност за нејзино толкување. Ова се 8-те знаци дека вашата интуиција е блокирана…

1. Често се чувствувате збунети

Доколку ви е тешко да донесувате добри одлуки и честопати не знаете како да постапите, тоа е добар знак дека не сте синхронизирани со вашата интуиција. Ако редовно комуницирате со вашата интуиција, ќе сфатите дека комбинацијата од вашето внатрешно знаење и надворешниот синхроницитет ќе ви помогне да донесете соодветна одлука која ќе ве насочи на правиот пат.

2. Ви недостасува флексибилност

Кога ќе решите да ја следите вашата интуиција, мора да бидете спремни да се препуштите на текот на настаните, што понекогаш подразбира промена на плановите врз основа на новата насока што ја добивате. Кога немате контакт со вашата интуиција, толку цврсто сте врзани за вашиот распоред што ги занемарувате сите знаци на предупредување кои ви велат дека треба да го откажете договорот. Тоа не значи дека интуитивните луѓе треба да бидат целосно неодговорни. Исполнувањето на вашите обврски е знак на почит и одговорност. Но, понекогаш интуицијата може да побара од вас да кажете „не“, иако претходно сте кажале „да“. Кога сте вистински синхронизирани тоа се случува помалку, бидејќи уште од самиот почеток можете да почувствувате дека треба да кажете „не“.

3. Се чувствувате заслепено од страна на другите луѓе

Сте му верувале. Сте ѝ верувале. Тој ви бил партнер. Таа ви била најдобра пријателка. И на крајот тие двајца завршиле заедно! Како е тоа возможно? Кога не сте усогласени со вашата интуиција може да се чувствувате заслепено и не можете да видите дека предавството доаѓа. Интуицијата ви покажува црвени знаменца кои ве предупредуваат, но ако инсистирате да го гледате само најдоброто кај луѓето, тоа понекогаш може да го блокира вашето внатрешно знаење.

4. Постојано се каете

Интуицијата ви помага да донесете одлука без да се покаете, бидејќи таа секогаш функционира така што ве води во насока на едноставноста, интегритетот и усогласеноста со единственото патување на вашата душа. Кога немате контакт со вашата интуиција, носите одлуки благодарение на вашиот ум или его, а каењето е вообичаената негативна последица.

8 силни знаци дека сте изгубиле контакт со вашата интуиција

5. Склони сте кон камелеонско однесување

Доколку се однесувате како камелеон, односно се претворате во вашите бизнис партнери во текот на состаноците, во останатите родители на родителската средба, во другите луѓе што вежбаат јога на часот, а потоа станувате исти како луѓето кои се забавуваат до раните утрински часови, можеби не сте во целост синхронизирани со вашата интуиција.

Тоа не значи дека не можете да ги менувате улогите со цел да се вклопите во одредена ситуација, но кога ја следите вашата интуиција, нема маски и не го облекувате карактерот на себе како да е обична маичка. Вие сте цело време она што сте и не се оправдувате поради тоа. Тоа значи дека можете да носите поразлична облека за вежбање од останатите на часот по јога и смеете да прескокнете по некој состанок, бидејќи сонцето сјае и природата ве повикува да уживате во нејзината убавина.

6. Ги отфрлате вашите инстинкти бидејќи сметате дека се „луди“ и „нерационални“

Интуицијата ретко делува рационално. Таа може да ве наведе да направите нешто што никогаш ни на сон не сте го замислувале. Колку и да ви изгледа лудо и непромислено, обично постои добра причина зад целото тоа дејствување на интуицијата. Доколку ги занемарите навидум нерационалните насоки, не само што нема да дојдете до вистинските односи и трансформациски искуства, туку може и да пропуштите да станете нечиј спасител или нечие чудо, бидејќи никогаш не можете да знаете каде вашата помош е потребна.

7. Се сомневате во себе

Не постои интуиција која е совршена. Секоја интуитивна порака морате да ја ставите под знак прашалник. Клучот е во тоа да знаете да препознаете кога станува збор за синхронизација со вашата спиритуалност. Слепата верба во интуицијата може да ве одведе во неволја. Но, со текот на времето, кога ќе разберете како функционираат работите кога ја следите интуицијата, ќе развиете верба заснована на докази. Ќе знаете дека навидум чудесните работи се случуваат кога го следите вашиот интуитивен водич, ќе научите да верувате и тогаш многу помалку ќе се сомневате.

8. Лесно се откажувате од вашата моќ

Кога не сте усогласени со вашата интуиција, голема е веројатноста дека очекувате некој друг да ги носи вашите одлуки, па дури и оние најкритичните. Запаметете дека вие секогаш знаете што е најдобро за вас самите и не треба моќта што ја поседувате толку лесно да им ја препуштате на другите луѓе само затоа што се плашите да преземете одговорност за вашите одлуки.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар