Каков ви е карактерот според тоа кое дете сте по ред во семејството?

Каков ви е карактерот според тоа кое дете сте по ред во семејството?

Редоследот по кој сте родени во вашето семејство може да влијае врз оформувањето на вашиот карактер. Прво, второ, трето, четврто… дете или единец. Секој од нас има свое искуство и ги искусил убавините, но и одговорностите или неодговорностите коишто ги добил со „редниот број“ под кој се родил. Проверете дали генералната оценка се совпаѓа со вашиот карактер.

(1) Каков ви е карактерот според тоа кое дете сте по ред во семејството?

1. Најстаро дете

Вие сте „шефовски“ настроени и малку здодевни.

Трасирајќи си го патот и грижејќи се за вашите помлади браќа и/или сестри, попатно сте се претвориле во „конзервативна стара баба“. Тоа е добро, затоа што во вашето друштво ништо нема да се случи без ваше одобрување. Секогаш делите совети и се грижите и за најмалите детали. Но, обидете се понекогаш и да се забавувате. Кажете „да“, кога ви се вели „не“ и опкружете се со луѓе кои ќе ви покажат што е вистинска радост.

2. Средно дете

Имате комплекс на несигурност, којшто продира во сите сфери од вашиот живот.

Во вас се создава непријатно чувство кога некој од вашата околина ќе доживее успех. Тоа е така затоа што се плашите дека некој друг ќе го привлече сето внимание, а вие ќе останете во сенка. Потајно, вие сте една од најдобрите личности која може да се има во близина, бидејќи сте самостојни, лесно се прилагодувате и можете да се справите со секоја непријатна ситуација. Но, знаете многу да се нервирате и вознемирите доколку не добиете онолку колку што сметате дека сте заслужиле, во секоја животна ситуација.

3. Најмало дете

Мислите дека вашите постапки нема да остават никакви последици и дека ќе добиете сè што ќе посакате затоа што сте „слатки“.

Но, не сте толку многу „слатки“. Вие сте растеле носејќи ја круната на најшармантна и најомилена личност во вашето семејство, затоа што вашите родители прифаќале сè што ќе направите бидејќи сте биле нивната последна „бебешка авантура“. Како возрасна личност, многу е забавно човек да ве има до себе, затоа што секогаш со себе носите разиграност. Но, сакате да сте опкружени со луѓе од кои го добивате токму она што го сакате и кои ви создаваат чувство дека сте пријатни личности, како што и самите мислите за себе. Обидете се да не отскокнувате толку многу во врската со партнерот/партнерката.

4. Единствено дете

Вие сте чудак и сите тоа го знаат (освен вие).

Не сте израснале со други деца (ваши браќа и сестри) под ист покрив, па не сте имале можност да научите што е „нормално“. Од тие причини сте и позрели и помалку зрели од луѓето на ваша возраст. Како на пример, имате добри и развиени комуникациски вештини, но можеби не знаете дека многумина сметаат оти е чудно ако се бакнувате со отворени очи. Единствен начин да ги научите тие трикови е да излезете од вашиот заштитен оклоп и да искусите како изгледа нормалниот свет. Верувајте, ќе се снајдете.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар