8 работи што ќе ви се случат откако ќе почнете да чувате мало кученце

Малите кученца бараат посебна нега и внимание. Но, од друга страна, тие ви нудат многу прекрасни и незаборавни моменти. Еднаш откако ќе станете блиски со вашите мали крзнени пријатели, речиси невозможно ќе ви биде да се одвикнете од нив. Во продолжение погледнете со што сѐ ќе се соочите кога ќе се одлучите вашиот живот да го надополните со мало кученце.

8 работи што ќе ви се случат откако ќе почнете да чувате кученце

1. Ќе бидете физички поактивни

Кога нема да биде во длабок сон, малото крзнено пријателче ќе сака постојано да трча и да си игра. Со него деновите ќе ви поминуваат неосетно, а притоа ќе имате и поголема физичка активност, што секако е од голема корист за вашето здравје.

2. Ќе бидете многу уморни

Малите кученца имаат мал мочен меур, па сигурно веќе погодувате кој ќе се буди со нив во текот на ноќта. Па, подгответе се за неколку бессони ноќи.

3. Најверојатно малку и ќе плачете

Малото кученце ќе стенка и ќе цимоли, а вие ќе се чувствувате по малку нервозно околу тоа. Не срамете се да пуштите и неколку солзи.

4. Лесно ќе се изнервирате

Можеби вашиот миленик е најслаткото нешто во светот, но ќе постојат моменти кога ќе бидете изнервирани од него, како што е на пример нередот со храната или џвакањето многу ваши омилени работи во домот. Наместо да бидете нерасположени, обидете се да сфатите дека тоа е само бебе и не знае како подобро да се однесува.

8 работи што ќе ви се случат откако ќе почнете да чувате кученце

5. Ќе потрошите многу пари

Посетите на ветеринар, храната, па и играчките наменети за малиот крзнен пријател, нема да ве чинат евтино.

6. Ќе почнете да зборувате со бебешки глас

Откако ќе се зближите, честопати на вашето кученце ќе му се обраќате со бебешки глас. Најверојатно ќе почнете да зборувате и со некои луѓе како тие да се четвороножни животни.

7. Ќе се чувствувате лошо кога ќе треба да излезете од дома

Првите неколку недели (а можеби и месеци), вашето куче ќе плаче секогаш кога ќе ја напуштите куќата, а вие може да почувствувате вина поради ова.

8. Нема да паметите каков ви бил животот пред да го имате кученцето

Нормално, сега животот ви е многу, многу поубав!

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар