Кои намирници не треба да ги чувате во фрижидер?

Кои намирници не треба да ги чувате во фрижидер?

Иако најчесто ни се чини дека намирниците ќе останат долго време свежи доколку ги чуваме во фрижидер, сепак не е секогаш така. Прочитајте во продолжение кои намирници не смеете да ги чувате во фрижидер.

Кои намирници не треба да ги чувате во фрижидер?

Компир

Некои од нас имаат навика да чуваат компири во фрижидер, но тоа е голема грешка затоа што во тој случај скробот се претвора во шеќер што придонесува за некаков чуден, сладникав вкус на компирот. Исто така, тоа може да биде причината и за потемнување на компирот што и не е баш пожелно. Најдобра опција е да го чувате компирот на ладно, суво место. На тој начин компирот ќе остане свеж и до 3 недели.

Домати

Колку и да звучи чудно, ниските температури предизвикуваат оштетување на клеточните ѕидови на доматите. Тоа, пак, доведува до меки и кашести домати. Затоа, најдобро е да ги чувате на собна температура и подалеку од сончевата светлина доколку не сакате побрзо да созреат.

Банани

Луѓето со причина не ги чуваат бананите во фрижидер. Студените температури можат да доведат до обојување на нивната лушпа во кафена боја. Освен тоа, чувањето банани во фрижидер нема да придонесе за нивно побрзо созревање. Напротив. Затоа, најдобро е да се чуваат на собна температура.

Диња

Дињите имаат најдобар вкус кога се чуваат на собна температура. Покрај тоа, доколку се чуваат подалеку од места со ниски температури, постојат поголеми шанси да го задржат високото ниво на антиоксиданси. Како што знаете, антиоксидансите се неопходни состојки за човековиот организам бидејќи ја неутрализираат оксидацијата што се јавува во телото како резултат на физички и емоционален стрес.

Авокадо

Авокадото исто така спаѓа во групата на овошја кои нема да созреат доколку се складирани во фрижидер. Доколку сакате да созрее што побргу, но и да го зачува вистинскиот вкус, најдобро е да го чувате на собна температура. Со оглед на тоа што оксидира многу брзо, ќе треба брзо да го изедете откако ќе го пресечете. Сепак, за да го забавите процесот, можете да му ставите неколку капки лимон и да го ставите во фрижидер.

Откако прочитавте кои намирници не треба да ги чувате во фрижидер, можеби ќе сакате да прочитате и кои 7 видови храна не треба да ги чувате во фрижидер повеќе од 24 до 48 часа по подготовката.

Извор: allwomenstalk.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар