8 најлоши типови луѓе кои ќе ги сретнете во вашето омилено кафуле

Во близина на вашиот дом има прекрасен кафе бар, со пријатна атмосфера и одлично кафе. Без разлика дали таму одите само за да сурфате на интернет додека уживате во кафето или пак бидејќи таму работи некој ваш пријател, во него поминувате долго време од денот. Покрај тоа што во крвотокот веќе имате кофеин, вие навистина сте вљубени во тоа мало местенце. Токму затоа се вадите од памет кога тоа кафуле ќе го посети еден од овие осум типови луѓе.

8 најлоши типови луѓе кои ќе ги сретнете во вашето омилено кафуле

1. Гласниот муабетчија

„ШТО? Не можам да те чујам, во глупавово кафуле има премногу врева. Господе, зошто во околинава нема друго место за кафе?“ Поради бизарни, необјасниви причини, овој гласен муабетчија не може да ги забележи останатите 30 луѓе во кафулето и претпоставува дека никој не го слуша неговото врескање. Ако постои правда во светот, менаџерот ќе побара од него да не вика толку или да го заврши разговорот надвор. Но, многу е поверојатно дека тој ќе продолжи со својот приватен разговор во просторијата полна со странци.

2. Пребирливиот

Кога сте заглавени во редот зад пребирливите кафеџии, тогаш имате време да го извадите телефонот и да одговорите на сите мејлови поврзани со работата.

„Би сакал мало лате во голема чаша, не средно, туку во голема чаша. Нека биде со бадемово млеко, една и пол лажичка шеќер, сируп од лешници и многу пена.“

Што ќе прави со ова ремек-дело? Дали вака кафето навистина ќе има подобар вкус или на овој начин тој само го одвлекува вниманието од својот досаден живот? Најлошото од карактерот на пребирливите излегува на виделина кога нивната нарачка нема да испадне баш како што ја замислиле или почекале подолго отколку што планирале.

3. Канцеларискиот потрчко

Канцеларискиот потрчко има свежо и невино лице кога доаѓа да земе кафе за неговите колеги од работa. Кутрото дете е како кокошка без глава кога ќе треба да земе 45 жешки кафиња и чаеви за злобните корпорациски шефови кои раководат со секој негов потег. Имајте сочувство за потрчкото и отворете му ја вратата кога ќе излегува со сите тие жешки кафиња.

4. Семејниот човек

Прекрасно е што овој татко ги донел своите деца да пробаат од слатките десерти, но дали мораа да седат веднаш до вас? Дури и да сакате деца, седењето до 7 разврескани палавковци не е идеално кога се обидувате да сработите нешто на вашиот компјутер. Извесно е дека жешкото какао ќе ви биде истурено во скутот, а откако ќе се соземете од жештината и ќе ги отворите очите, ќе ве пресретне беспомошниот татко кој немоќно ги собира рамената. Во знак на извинување ќе ви понуди марамче.

5. Фриленсерот

Нејасно е дали овие личности имаат свој дом или само ги населуваат кафулињата во текот на целата нивна професионална кариера, но нивните работи се расфрлани насекаде. Треба да поминувате низ купови со хартија кои се прекриени со белешки како „Квадратен корен од торта е квантна физика“ или „Нејзините очи имаа боја на јавор, исто како моето куче“. Нејасно е дали фриленсерите навистина имаат работа или само сакаат да изгледаат зафатено.

6. Зависникот од кафе

„Тројно еспресо, ВЕДНАШ!“ Зависникот би го убил секој што побрзо од него ќе дојде до дозата кофеин. Се чини дека порано бил зависник од метамфетамин, но сега преминал на нешто полесно. Неговите раце се тресат и од устата му излегува пена сè додека не ја земе чашата со горко, топло кафе.

7. Тинејџерите

Ниедно кафуле не би било комплетно без група тинејџери во нивната готска, емоционална фаза од животот. Тие ретко нарачуваат што било, но одлично ја усовршиле вештината на ѕиркање низ нивните смешни шишки кои им го прекриваат лицето. Ги гледате со восхит и се прашувате како може толку млади луѓе да се презаситени од животот? Понекогаш ќе ви довикнат нешто навредливо од нивната маса.

8. Луѓето со животни

Луѓето кои премногу ги сакаат животните не ги почитуваат санитарните правила и своето кафе мора да го испијат во присуство на нивното милениче. Секако, секој добродушен човек нема проблем кога се работи за слатки кучиња, кои мирно чекаат до нозете на својот сопственик. Но постојат луѓе кои своите миленици ги качуваат на маса и им даваат да јадат колачи од нивните чинии, што секако може да биде непријатна глетка за луѓето на околните маси. Што мислите, како поминуваат останатите гости кои протестираат поради ова?


За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар