7 славни парови кои морале да продолжат да работат заедно откако раскинале

Замислете дека сте биле во врска со колега. А сега замислете дека сте раскинале со него или неа и вашата работа вклучува бакнежи кои мора да продолжат помеѓу вас. Ви звучи страшно? Актерите често стапуваат во врска едни со други, па токму затоа често се случува и по раскинувањето едноставно да мора да продолжат да работат заедно. Без разлика дали станува збор за мирно или бурно раскинување, тие поминуваат секојдневно со часови во глума дека се пријатели или партнери на малите екрани. Ова можеби е претерано непријатно за нив, но дефинитивно е забавно за нас. Погледнете дел од најпопуларните славни парови кои по раскинувањето морале да продолжат да работат заедно…

1. Кејли Куоко и Џони Галеки

(1) 7 славни парови кои морале да продолжат да работат заедно откако раскинале

ТВ серијата „The Big Bang Theory“ навистина сака да ги направи Ленард и Пени новите Рос и Рејчел, но историјата може да ги запомни по нешто сосема друго. Тие биле дел од кратка врска на која брзо ѝ ставиле крај, но поради нивната работа сепак морале да продолжат да бидат „во врска“ додека се на работа.

2. Џенифер Карпентер и Мајкл С. Хол

(2) 7 славни парови кои морале да продолжат да работат заедно откако раскинале

Во ТВ серијата „Dexter“, овие актери играат посвоени брат и сестра. Но, во реалноста помеѓу нив настанала силна хемија, па токму затоа и започнале со љубовна врска која брзо преминала во брак. За жал, тоа не траело долго, па тие по разводот сепак морале да продолжат секојдневно да се гледаат на сцена.

3. Блејк Лајвли и Пен Баџли

(3) 7 славни парови кои морале да продолжат да работат заедно откако раскинале

И покрај тоа што Ден и Серена стапуваат во брак во ТВ серијата „Gossip Girl“, сепак врската помеѓу Пен и Блејк во реалноста не успеала. По раскинувањето, таа накратко се гледала со Леонардо Дикаприо, но брзо потоа се запознала со Рајан Рејнолдс со кој сè уште е во брак.

4. Џенифер Гарнер и Мајкл Вартан

(4) 7 славни парови кои морале да продолжат да работат заедно откако раскинале

Ако сте ја следеле ТВ серијата „Alias“, тогаш сигурно знаете дека Сидни и Вон на крајот започнуваат свое семејство. Но, во реалниот живот, Џенифер и Мајкл биле во многу кратка врска, која брзо завршила. Таа сега е во брак со Бен Афлек, а тој е разведен.

5. Гвен Стефани и Тони Канал

(5) 7 славни парови кои морале да продолжат да работат заедно откако раскинале

Додека Гвен Стефани беше дел од групата „No Doubt“ таа била и во врска со басистот Тони Канал. Но, нивната врска завршила и под влијание на искуството со него, таа напиша еден од најголемите хитови во нејзината кариера. Изгледа понекогаш вреди да се има скршено срце. Денес, таа е во брак со Гевин Росдејл.

6. Нина Добрев и Ијан Самерхолдер

(6) 7 славни парови кои морале да продолжат да работат заедно откако раскинале

Тие биле во врска до 2013 година, но сè уште работат заедно како дел од ТВ серијата „The Vampire Diaries“. Ијан сега е во брак со Ники Рид, која беше дел од филмот „Twilight“, па слободно можеме да заклучиме дека сè во неговиот живот се врти околу вампири.

7. Џенифер Морисон и Џеси Спенсер

(7) 7 славни парови кои морале да продолжат да работат заедно откако раскинале

Овие актери се најпознати по своите улоги во популарната ТВ серија „House M.D.“. Џенифер го толкуваше ликот на Камерон, која ја привлекуваше д-р Хаус, но потоа стапи во брак со Чејс, другиот доктор од нивниот тим. Овие актери беа во врска и надвор од приказната, па дури и биле верени одреден период. Но, исто како нивните карактери во серијата, така и тие не го добија својот среќен крај во реалноста.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар