5 знаци кои покажуваат дека токму вие сте „лудата бивша“

Сите ние познаваме барем една личност која од врската едноставно не може да излезе достоинствено, туку се претвора во луда бивша. Но, како да знаете дали токму вие сте се претвориле во оваа личност? Погледнете ги следниве знаци…

1-5-znaci-koi-pokauvaat-deka-tokmu-vie-ste-ludata-biva-www.kafepauza.mk_

1. Постојано го следите на социјалните мрежи

Иако раскинавте, вие знаете многу повеќе за неговиот живот отколку кога бевте заедно. Знаеме дека ви изгледа нормално постојано да проверувате што прави вашиот поранешен партнер, каде се наоѓа и со кого е, но тоа само ќе ви го отежни процесот на разделување, а ќе ви ја зголеми опсесијата.

2. Намерно излегувате на места на кои ќе го сретнете

Тоа го правите бидејќи ви недостига, но ако сакате чувството да биде двострано, морате и вие нему да му недостигате. Ако постојано се појавувате во кафулето каде што најчесто седи со пријателите или пак, скоро секој ден „случајно“ го сретнувате пред зградата во која работи, тој нема да има доволно време и простор да го почувствува недостигањето од неговата страна.

3. Го посрамотувате на социјалните мрежи

Лутите статуси, песните кои се посветени за него и депресивните цитати не се ниту привлечни, ниту пак секси. Тие изгледаат детско и незрело.

2-5-znaci-koi-pokauvaat-deka-tokmu-vie-ste-ludata-biva-www.kafepauza.mk_

4. Се однесувате како да сте заедно

Без разлика дали станува збор за коментирање на статус, при што се обидувате да сокриете дека сте раскинале, или пак константно праќање пораки како сѐ уште да сте заедно, единственото нешто што можете да го постигнете со ова однесување е да направите да изгледате и да делувате лудо во неговите очи.

5. Правите сцени

Не мораме да објаснуваме зошто девојките кои прават сцени ги ставаме автоматски во категоријата „луди бивши“, се согласувате?

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар