13 неверојатни работи кои во овој момент се случуваат во светот

13 неверојатни работи кои во овој момент се случуваат во светот

Според приказните што медиумите ги споделуваат со нас, светот не изгледа како најдоброто место, но тоа не значи дека не се случуваат и убави работи. И покрај сите лоши, постојат и многу навистина добри работи кои се случуваат, и тоа во овој момент. Во последно време добрината околу нас не го добива потребното внимание, па во продолжение е листа од прекрасни работи кои се случуваат сега. Дали сте знаеле за која било од овие работи?

1. Научниците класифицирале нов вид поларна светлина наречена Стив

(1)13-neverojatni-raboti-koi-vo-ovoj-moment-se-sluchuvaat-vo-svetot-kafepauza.mk

Оваа поларна светлина, или Аурора изгледа како панделка од светлина и е забележана во северната хемисфера.

2. Лекарите успешно поправиле оштетување на мозокот

(2)13-neverojatni-raboti-koi-vo-ovoj-moment-se-sluchuvaat-vo-svetot-kafepauza.mk

Истражувачите во САД успешно излечиле 2-годишно девојче кое имало оштетување на мозокот. Девојчето се удавило во базен и било вратено во живот, но нејзиниот мозок бил толку многу оштетен што тоа не можело да зборува, да реагира на гласови, ниту пак да оди. Сè што можело да направи било да ја мрда главата. Благодарение на третманот, девојчето се чувствува многу подобро, а штетата на мозокот е речиси целосно поправена.

3. Близу сме до одржлива нуклеарна фузија

(3)13-neverojatni-raboti-koi-vo-ovoj-moment-se-sluchuvaat-vo-svetot-kafepauza.mk

За оние кои не знаат, нуклеарната фузија може да биде решението за неограничен извор на енергија. На крајот на 2015-та година, во Германија почнал да се тестира ваков реактор и веќе некое време тестовите се успешни. Според научниците од МИТ, можеме да ја очекуваме енергијата од фузија пред 2030-та година.

4. НАСА ги објави сите свои истражувања

(4)13-neverojatni-raboti-koi-vo-ovoj-moment-se-sluchuvaat-vo-svetot-kafepauza.mk

Минатата година НАСА изјави дека до крајот на годината сите нивни истражувања ќе ѝ бидат достапни на јавноста, и тоа бесплатно.

5. Хипер-јамките можеби ќе станат реалност

(5)13-neverojatni-raboti-koi-vo-ovoj-moment-se-sluchuvaat-vo-svetot-kafepauza.mk

Елон Маск веќе некое време работи на овој проект. Хипер-јамките се замислени како цевки кои ќе ги пренесуваат луѓето помеѓу градовите со огромна брзина. Веќе почнаа да се градат прототипови на хипер-јамки низ светот, и изгледа дека онаа што ќе ги поврзува Париз и Амстердам ќе биде готова пред 2021 година.

6. Сега можеме да го слушнеме универзумот

(6)13-neverojatni-raboti-koi-vo-ovoj-moment-se-sluchuvaat-vo-svetot-kafepauza.mk

Имаме детектирано уште најмалку 2 гравитациони бранови од 2015 година, а научниците сакаат да ги користат вселенските детектори како ЛИСА за да научат повеќе за нив.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар