5 знаци дека постоите за да постигнете многу повеќе во животот

5 знаци дека постоите за да постигнете многу повеќе во животот

Сте се почувствувале ли некогаш дека не го живеете вашиот живот во целост? Дека можеби ви е судено да направите многу повеќе, но едноставно самите се спречувате поради влијание од вашата околина? Доколку се пронајдете во следниве 5 знаци, тоа значи дека постоите за да постигнете многу повеќе и дека време е да започнете да го живеете вашиот живот онака како што отсекогаш сте посакувале.

5 знаци дека постоите за да постигнете многу повеќе во животот

1. Ги одложувате задачите сè додека не добиете инспирација

Некои луѓе можеби се нервираат од вашето постојано одложување и можеби понекогаш тоа не е најдобриот избор за вас, но изгледа вие напредувате од вашата инспирација, а не од обврзувањето. Размислете за ова следен пат кога ќе почувствувате дека сакате нешто да одложите. Најчесто, инспирацијата може да ви помогне да постигнете многу повеќе одошто сте мислеле дека е можно. Ако навистина имате тенденција да работите само кога сте инспирирани, тогаш без сомнение постоите за големи нешта.

2. Сметате дека работното време од 9 до 5 е лудост

Длабоко во себе, дури и кога сте биле само дете, вие едноставно не сте можеле да се замислите во одело со актовка додека секое утро брзате кон вашата канцеларија. Вие сметате дека луѓето не треба само да постојат, туку и целосно да го доживуваат својот живот на оваа планета, па токму затоа и верувате дека типичните работни места ги спречуваат во тоа. Дури и како возрасни, сè уште цврсто верувате дека можете да направите многу повеќе на поинаков начин.

3. Се чувствувате слободно при правењето на вашите нешта

Вие знаете колку е вредно вашето времето, но исто така знаете и дека најголемата вредност во животот е среќата. Доколку нешто не ве прави среќни, тогаш сметате дека едноставно тоа не вреди да се прави. Вие сфаќате дека вашиот живот има многу поголема цел, па токму затоа и одлучувате да работите за себе, а не за пари.

4. Вие сте идеалист во целост

Светот не е во своето најдобро светло, тука нема дилема. Но, вие воопшто не се грижите колку се нереални вашите идеи во очите на стандардниот човек бидејќи за вас најдоброто е едвај доволно. Вие сакате да ги видите сите проблеми во светот решени, по секоја цена.

5. Имате премногу идеи и тоа постојано ве нервира

Во вашата глава има толку многу идеи што веќе полека почнувате да полудувате бидејќи едноставно не знаете што да правите со нив. Но, не им дозволувајте на овие идеи да ве одвлечат од сегашноста. Токму затоа и почнете да ги запишувате, со цел да не мора да ги помните и одбирајте по максимум 3 од нив кои паралелно ќе ги остварувате. Исто така никогаш не ги отфрлајте старите идеи. Чувајте ги за секој случај.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар