20 актери кои поминале низ огромни физички трансформации за улога

20 актери кои поминале низ огромни физички трансформации за улога

Глумата и актерството не се толку лесни професии како што повеќето мислат. Ретко кога некој актер се појавува на филмскиот сет, ги одработува своите 8 часа и си оди дома. Големите улоги бараат и голема посветеност и големи психофизички подготовки. Но, и естетиката треба да се има предвид за актерите да можат да се соживеат со ликот кој го играат.

Ова се 20-те актери кои поминале низ најневеројатни физички трансформации за нивните филмски улоги.

1. Ен Хатавеј – „Клетници“

(1) 20-akteri-koi-pominale-niz-ogromni-fizichki-transformacii-za-uloga-kafepauza

Намалена тежина: 25 кг пред почетокот на снимањето на филмот, 6 кг за време на снимањето

„Бев на диета за изгладнување за да изгледам како да ѝ се приближувам на смртта. Но имав план и водич, нутриционист, кој ми помогна низ целиот процес. Само морав да престанам да јадам цели 13 дена за време на снимањето.“

2. Рене Зелвегер – „Дневникот на Бриџит Џоунс“

(2) 20-akteri-koi-pominale-niz-ogromni-fizichki-transformacii-za-uloga-kafepauza

Зголемена тежина: 18 кг

„Првите два дена е супер, можеш да си ги оствариш сите фантазии за прекумерно јадење секаква храна, од пици до чоколади. После една недела гликозните нивоа во телото ти полудуваат и не се чувствуваш многу добро. Никој не сака да го слушне тоа, но таква е вистината.“

3. Кристијан Бејл – „Машинист“

(3) 20-akteri-koi-pominale-niz-ogromni-fizichki-transformacii-za-uloga-kafepauza

Намалена тежина: 28 кг

„Немам цел еден ден да станам невидлив, да јадам толку малку што ќе исчезнам. Не ја прифатив оваа улога мислејќи: ‘Oх, потребна е физичка трансформација’. Баш секогаш си велам: ‘По ѓаволите! Потребна е физичка трансформација.’“

4. Шарлиз Терон – „Чудовиште“

(4) 20-akteri-koi-pominale-niz-ogromni-fizichki-transformacii-za-uloga-kafepauza

Зголемена тежина: 13 кг

„Најпрвин почнав да се прејадувам крофни, но по некое време почнаа да ми стануваат одвратни. Обожавам чипс и солена храна, па секогаш со мене имав скриена резерва на пакетче чипс.“

5. Метју Фокс – „Алекс Крос“

(5) 20-akteri-koi-pominale-niz-ogromni-fizichki-transformacii-za-uloga-kafepauza

Намалена тежина: 19 кг

„Да бидам искрен, понекогаш го мразев ова. Ако го тргнете резултатот настрана, тогаш слабеењето како процес воопшто не ми се допадна.“

6. Метју Меконахи – „Клубот на купувачи Далас“

(6) 20-akteri-koi-pominale-niz-ogromni-fizichki-transformacii-za-uloga-kafepauza

Намалена тежина: 21 кг

„Ми беше тешко. Имав 64 кг и бев постојано гладен и нервозен. Телото ми наликуваше на малечка птица која плаче да ја нахранат и која сфаќа дека мајката нема да дојде да ја нахрани. Тешко е.“

7. Мила Кунис – „Црниот Лебед“

(7) 20-akteri-koi-pominale-niz-ogromni-fizichki-transformacii-za-uloga-kafepauza

Намалена тежина: 9 кг

„Вежбав 4 часа дневно, 7 дена во неделата. Имав само еден ден слободен за мојот роденден и по пола ден за наградите Еми и Златен Глобус. На овие денови, мојот инструктор по балет работеше со мене од 5 часот наутро до 11 часот навечер, потоа одев во одделот за шминка и фризура и потоа на доделувањето на наградите.“

8. Натали Портман – „Црниот Лебед“

(8) 20-akteri-koi-pominale-niz-ogromni-fizichki-transformacii-za-uloga-kafepauza

Намалена тежина: 9 кг

„Имаше ноќи кога мислев дека ќе умрам. Тоа беше првиот пат кога сфатив дека еден актер може толку многу да се посвети на една улога, што полека може да се уништи себеси.“

9. Том Хенкс – „Отфрлен“

(9) 20-akteri-koi-pominale-niz-ogromni-fizichki-transformacii-za-uloga-kafepauza

Намалена тежина: 2 2кг

„Најтешкиот дел беше времето. Посакував да имам некаква таблета и да ја изгубам целата тежина одеднаш, но реалноста беше таа: морав да започнам во октомври, знаејќи дека ќе завршиме во февруари. Идејата дека треба да поминам 4 месеци во постојана состојба на претпазливст, што се однесува до она што го јадев и два часа во салата за вежбање секој ден, правејќи само монотони вежби, беше застрашувачка. Единствениот излез е да се мотивираш со некаков трик со медитација. Не е воопшто гламурозно.“

10. Крис Прат – „Чувари на галаксијата“

(10) 20-akteri-koi-pominale-niz-ogromni-fizichki-transformacii-za-uloga-kafepauza

Намалена тежина: 29 кг

„Шест месеци изгледаат како долг период, освен ако не гледаш наназад… сѐ што треба да направиш е да останеш конзистентен и времето ќе летне. Ако ја тргнете нездравата храна од вашата диета и потрошите неколку часа на ден правејќи вежби, 6 месеци ќе поминат многу брзо и ќе се чувствувате психички, физички и духовно поздраво – сѐ е поврзано.“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар