2 магични збора кои ќе ја спречат секоја караница

2 магични збора кои ќе ја спречат секоја караница

Психолошките истражувања покажале дека луѓето се носат со потенцијалните конфликти на три начини: Со одбегнување на проблемот, тивко повлекување или експлозивна караница. Доколку се пронаоѓате во третата група луѓе, не очајувајте. Постои една едноставна вежба која ќе ја олади и најжестоката караница.

2 магични збора кои ќе ја спречат секоја караница

Психолошките студии потврдиле дека зборовите „Оф“ (на англиски „Оuch“) и „Упс“ (на англиски „Oops“) имаат моќ да ја спречат караницата и препирањето меѓу партнерите.

Имено, кога на „експлозивците“ несвесно ќе им се упати некоја навредлива забелешка, психолозите советуваат тие на истата да одговорат со „Оф“, наместо со бројни лоши зборови кои би можеле да предизвикаат непријатен конфликт.

„Оф“ е моќен збор и силен вербален механизам кој веднаш ќе го освести навредувачот и тој ќе се извини со што ќе се спречи потенцијалниот вербален конфликт.

Доколку, пак, без размислување сте кажале некоја реченица која повредила нечии чувства, а која сакате да ја повлечете, изговорете го зборот „Упс“ и веднаш потоа извинете се за да ја спречите можната караница.

Оваа психолошка вежба е особено корисен алат за спречување на караници во љубовните врски помеѓу партнерите кои различно реагираат на навредливите забелешки и несвесните провокации и затоа многу брачни терапевти честопати ја „препишуваат“ како еден од психолошките лекови за честите кавги.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар