11-те карактеристики на совршениот маж од научна гледна точка

Совршениот маж со мускулесто тело, кој е интелигентен и многу храбар постои само во фантазиите. Секоја жена си има разни критериуми кога станува збор за привлечност. Сепак, научниците се обидуваат да откријат каков е совршениот маж. Погледнете ги 11-те најпривлечни карактеристики кај мажите од научна гледна точка. Некои можеби ги знаете, но некои навистина ќе ве изненадат.

1. Дебели веѓи и остра вилица

(1)11-te-karakteristiki-na-sovrsheniot-mazh-od-nauchna-gledna-tochka-kafepauza.mk

Ова се основните одлики на мажествените мажи. Жените преферираат мажи со овие карактеристики кога бараат сериозна врска.

2. Брада

(2)11-te-karakteristiki-na-sovrsheniot-mazh-od-nauchna-gledna-tochka-kafepauza.mk

Научниците спровеле интересно истражување за тоа како брадата влијае на привлечноста на мажите. Група жени оценувале мажи со разни бради. Имало мажи без брада, мажи со „еднодневна“ брада, мажи со поголема брада (која се појавува околу 10-тиот ден) и мажи со долга и густа брада. Жените најмногу ги сакале мажите со малку поголема брада бидејќи ги асоцирале на зрелост и мажественост.

3. Лузни

(3)11-te-karakteristiki-na-sovrsheniot-mazh-od-nauchna-gledna-tochka-kafepauza.mk

Научниците им покажувале на група жени фотографии од мажи со и без лузни на лицето. Некои жени претпоставиле дека дел од лузните се резултат на насилство (всушност биле додадени во Фотошоп). Истражувањето покажало дека лузните од куршуми им биле попривлечни на жените од оние од велосипед.

4. Срамежлива насмевка

(4)11-te-karakteristiki-na-sovrsheniot-mazh-od-nauchna-gledna-tochka-kafepauza.mk

Ако мажите сакаат да бидат попривлечни, треба да работат на својата насмевка. Уште подобро ако нивната насмевка е малку срамежлива и горда. Научниците сметаат дека токму поради ова жените сакаат лоши момци. Тие исто така докажале и дека женската насмевка е моќно оружје кога станува збор за освојување машко срце.

5. Возраст

(5)11-te-karakteristiki-na-sovrsheniot-mazh-od-nauchna-gledna-tochka-kafepauza.mk

Ако една жена треба да одлучи помеѓу згоден млад маж, и истиот маж само малку повозрасен, таа би го одбрала вториот. Луѓето стануваат помудри, со поголема самодоверба и понезависни со текот на годините. Возраста на мажот нема влијание на плодноста, па затоа кај жените не постои ризик ако одберат постар партнер. Научниците го нарекле овој феномен ефектот Џорџ Клуни.

6. Штедливост

(6)11-te-karakteristiki-na-sovrsheniot-mazh-od-nauchna-gledna-tochka-kafepauza.mk

Можеби звучи романтично да продадете сè и да купите милион цветови, но не сите жени ги ценат овие постапки. Жените преферираат мажи кои знаат како да штедат и не затоа што тогаш би имале повеќе пари. Луѓето кои штедат изгледаат како да имаат поголема самоконтрола, а ова ја зголемува нивната привлечност.

Продолжува на следната страница

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар