Клупа што „ве гледа“ додека твитате

Замислете си: седите на клупа и си твитате, а вашите пријатели во живо следат, не само што пишувате, туку буквално вас и вашата непосредна околина. Ова не е обид да се замени Големиот брат, туку еден интересен проект на дизајнерот Кристофер Мекникол. Негов производ е т.н. TweetingSeat, интерактивен медиум кој го следи и снима однесувањето на луѓето кои твитаат додека го користат.Клупа што „ве гледа“ додека твитатеКлупата за твитање е дел од еден интерактивен парк, а дизајнирана е со цел да го истражува потенцијалот за поврзување на дигиталната и физичката комуникација. Функционира на тој начин што фаќа фотографии од корисниците кои твитаат додека седат на неа, како и од нивната околина и потоа ги качува и испраќа во вид на Твитер-фид во живо. На овој начин, им се овозможува на луѓето да комуницираат и во живо и виртуелно. Клупа што „ве гледа“ додека твитатеСекој пат кога некој ќе седне на клупата, таа прави фотографии со помош на две камери, кои веднаш ги поставува на Твитер. Едната камера е поставена на самата клупа и „ја гледа“ околината, додека другата е поставена во близина на клупата и „гледа“ во луѓето кои ја користат.Клупа што „ве гледа“ додека твитатеКлупа што „ве гледа“ додека твитатеКлупа што „ве гледа“ додека твитатеКлупа што „ве гледа“ додека твитате

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар