Уште неколку дена до главното извлекување од големата наградна игра на Скопско

Уште неколку дена до главното извлекување од големата наградна игра на Скопско

Во тек е големата наградна игра на Пивара за СКОПСКО, со супер возбудливи награди и две главни награди, камперско возило VW California Beach и најновото VW Polo.

ushte-nekolku-dena-do-glavnoto-izvlekuvanje-od-golemata-nagradna-igra-na-skopsko-kafepauza.mk

Остануваат уште неколку дена за учество во наградната игра, која завршува во недела 04.06.2017 на полноќ, а главното извлекување ќе биде на 5-ти јуни во 12.00 часот.

Механизмот за учество им е познат на сите СКОПСКО фанови, но за мало потсетување – со секое купено Скопско, Скопско Смут и Скопско Радлер од 0,33 л и 0,5 л во стаклена амбалажа, и со испраќање на уникатниот код на внатрешната страна на капачето на телефонскиот број 14 33 7 имате шанса да освоите некоја од наградите. А во главното извлекување учестуваат сите испратени кодови, односно сите претходно ненаградени капачиња.

Наградната игра започна на 9-ти април и оттогаш секој ден се извлекува по еден добитник на сет за скара и еден добитник на пикник маса за четворица, како и добитници на СКОПСКО мултипак на секој час.

„Испратив десетина СМС пораки на 14 33 7 и имав среќа да добијам маса за фудбалче. Супер е наградата! Првиот следен сончев викенд ќе ги викнам другарите на еден ‘турнир’ кај мене во дворче“ – вели Орхан Дораковиќ, добитник на фудбалче во наградната игра на СКОПСКО.

Уживајте во секое испиено СКОПСКО во стаклена амбалажа, испраќајте СМС на 14 33 7 и можеби токму вие ќе бидете добитникот на VW Polo или VW California Beach RV, камперско возило кое ви донесе многу авантура во животот.

СКОПСКО – За Нас!

Повеќе инфо: www.SKOPSKOZANAS.mk.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар