Се отвори првиот ресторан Гудис во Веро Центарот!

Денес официјално започна со работа првиот ресторан на „Гудис“ во „Веро центарот“, со што скопјани ќе ја имаат уникатната можност први да го посетат реномираниот  ресторан за брза храна и да уживаат во оригиналните и префинети вкусови од овој бренд. Ова е првиот ресторан што се отвора во Скопје од ланецот на познатите грчки ресторани за брза храна, за кој  франшизата ја има Веро  („Веропулос“ ДООЕЛ Скопје).

Се отвори првиот ресторан Гудис во Веро Центарот!Се отвори првиот ресторан Гудис во Веро Центарот!

„Првиот ‘Гудис’ туку што ги отвори своите  врати во Скопје. Од самиот почеток беше тема која го привлече вниманието во јавноста, а се надевам во наредните денови и место каде сите ќе посакаат да дојдат. Сигурен сум дека Гудис ќе стане место каде вкусот, квалитетот и пријателската услуга ќе креираат вистинска причина секој од посетителите да го доживее своето лично ‘Гудис’ искуство“, изјави Јоргос Василарас, Директор за интернационален развој на Гудис

„Среќни сме што имаме можност на скопјани да им понудиме ново место на мапата на ресторани, место со вкусна и деликатесна храна, да ги понудиме уникатните вредности на медитеранската кујна. Квалитетна и брза услуга од нашите вработени, разновидна храна подготвена според највисоките стандарди за квалитет, со специфичен медитерански вкус. Задоволни и насмеани потрошувачи се нашиот императив и ќе се потрудиме да им овозможиме извонредно искуство“, изјави Костас Теодосијадис Генерален Директор на Веро.

Се отвори првиот ресторан Гудис во Веро Центарот!Се отвори првиот ресторан Гудис во Веро Центарот!

Гудис ќе понуди оригинални бургери у вкусни специјалитети, користејќи внимателно избрани состојки со извонреден квалитет. Приказната за Гудис почна во 1975 година во Солун со воведување целосно нов концепт во бизнисот со брза храна. Од самиот старт Гудис стана препознатлив по единствените и оригинални менија креирани од страсните готвачи. Разновидното мени, бескомпромисниот квалитет, грижата и љубовта за брендот  се нивните клучни елементи за успех кои секојдневно им носат 500 000 потрошувачи.

До денес „Гудис“ важи за еден од водечките синџири за брза храна во Грција, со над 135 ресторани,  пет на Кипар и еден во Тирана и Белорусија. Главна цел на компанијата за 2014 година е да отвори 20 ресторани на Балканот и источна Европа.

Добредојдени сте да го доживеете Гудис искуството во Веро-Центарот!

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!
  1. Igor tzu Reply

    Господине Теодосијадис персоналот вие намќорест,да се надеваме дека ќе созреат со текот на годините!

Остави коментар