Роденденски подарок од Виталиа за децата од домот 11 Октомври

Децата од домот за деца без родителска грижа 11 Октомври едуцирани за здрава исхрана и здрави животни навики


„Кај нас стигнуваат донации, различни пакети за помош, понекогаш и нè канат на гости самите компании. Но она што навистина најмногу ги радува дечињата, им ја задржува насмевката подолго време и им ги полни срценцата со љубов и топлина, секако е дружењето со нив. Виталиа го најде правиот модул да ги израдува, едуцира и забавува. Навистина сите уживавме“, вели Вера Петровска, раководител на воспитна служба во домот за деца без родители 11 Октомври.

Роденденски подарок од Виталиа за децата од домот 11 Октомври

Компанијата Виталиа која е лидер на пазарот за здрава храна, денес организираше забава за дечињата од домот за деца без родителска грижа 11 –ти Окотмври. Овој пат компанијата приреди забавно и едукативно предавање на кое дечињата уживаа во забавата, се едуцираа на тема здрава исхрана, здрави навики и секако ја дегустираа целата палета производи на Виталиа.

54 дечиња, денес имаа супер забава, научија многу за здравјето, за здравата исхрана, ги слушаа внимателно советите од Д-р Нела Деспотовска, доктор по општа медицина и нутриционист во Виталиа. Тие научија како да го започнат денот со спортски активности, кој е најдобриот појадок за нив, која ужинка е пожелна за нивниот добар развој, идеална комбинација на состојки за нивниот ручек, како и рецептот за вистинска здрава вечера. Секако добија роденденски пакет производи од компанијата со целата палета детски производи.

Денешната акција на Виталиа е само уште еден доказ за општествено одговорниот карактер на компанијата која во изминативе 20 години интензивно посветува внимание на своите крајни потрошувачи, но и на оние кои навистина им треба момент на среќа, задоволство, љубов и здравје.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Остави коментар