Прв Sport and Fashion Outlet Weekend во Скопје

Овој викенд (8-ми и 9-ти февруари) во спортскиот центар Форца ќе се случува првиот моден аутлет хепенинг кога на теренот со своите парчиња по исклучително ниски цени ќе се претстават најголемите модни брендови во Македонија. Calvin Klein, Sergio Tacchini, Nike, Adidas, Timberland, Cat, Reebok, Champion, се само дел од брендовите чии производи посетителите на првиот Sport and Fashion Outlet Weekend ќе имаат можност да ги купат по аутлет цени.

Прв sport and fashion outlet викенд во Скопје

„Целта на овој настан е да ѝ овозможиме на нашата популација шопинг викенд на најдобрите спортски и модни брендови по најниски цени, кои не можат да ги најдат ниту во соседството. Фактот дека се организираат шопинг тури за Солун и Софија, беше наш предизвик да организираме еден ваков настан токму за викенд со цел да се заштедат патните трошоци кои би ги имале за шопинг надвор од Македонија, а за истите да си купат модно или спортско парче од најголемите брендови кај нас“ – изјавува Димитар Делевски, маркетинг директор на Форца.

Покрај шопинг по екстремно ниски цени, организаторите на првиот Sport and Fashion Weekend најавуваат и други изненадувања за посетителите кои сѐ што треба да направат е да дојдат со желба за добар шопинг и одлична забава, со сосема мали финансиски средства во паричниците.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Остави коментар