3 едноставни начини да бидете најсекси девојка во просторијата

3 едноставни начини да бидете најсекси девојка во просторијата

Што е тајната на секси жените? Што е тоа што ги тера сите останати да го насочат нивниот поглед кон нив и да бидат воодушевени од нивниот изглед? Тајната се крие во вашата внатрешна и автентична женственост. Ова не е нешто што можете да го купите или облечете. Тоа е нешто што треба да го пронајдете во вас и потоа да го изложите пред светот. Но, без самодоверба, самопочит и женствен пламен вие нема да можете да успеете. Па, доколку сакате да зрачите со сексуална привлечност, тогаш треба да ги направите овие 3 нешта…

3 едноставни начини да бидете најсекси девојка во просторијата

1. Дозволете ѝ на вашата женствена енергија да сјае

Вие не треба да глумите, да се правите тешки за освојување или пак, да подигнете високи емоционални ѕидови околу вас. Не станува збор за прилагодување или да се погрижите сите околу вас бидат среќни. Целта е да најдете баланс помеѓу вашата женствена и мажествена енергија во вас. Вие треба да допрете до внатрешното јадро со цел да зрачите со сексуалната енергија.

Кога почнувате да сјаете на овој начин, вие станувате доминантни и почнувате да го живеете животот според ваши правила. Вие ќе престанете да ги оставате нештата во рацете на судбината или на некој маж со надеж дека ќе се промени и ќе стане вистинскиот за вас. Вие самите му давате енергија на вашиот живот, а со тоа и самите го одбирате мажот кој знаете дека е совршен за вас, онаков каков што навистина е.

2. Љубезно, но цврсто почитувајте ги вашите граници

На овој начин вие истовремено ќе бидете и моќни и нежни. Вие ги почитувате вашите граници така што кажувате „да“ кога нешто сакате и „не“ кога нешто не сакате. Со оваа почит вие останувате доследни на себе и не прифаќате компромиси кога станува збор за вашите цели и вредности, особено кога ќе запознаете згоден дечко кој не ве привлекува. Само затоа што изгледа добро, не значи дека треба да ги отфрлите вашите вредности и верувања со цел да бидете заедно.

3. Соочете се со најдлабоките стравови поврзани со вашата ранливост

Вашиот страв е дека вие сте помоќни одошто мислите и токму вашата светлина, а не темнина, е тоа што ве плаши. Потребно е многу да верувате во себе за да го осветлите вашиот сјај. Токму вербата во вашата женственост е тоа што ве спречува да се потпрете на некого со цел да се почувствувате целосно. Ова ве прави шофери во вашиот живот, а не патници кои само гледаат во личноста која управува и ве води онаму каде што немате желба да одите.

Кога сте најсекси жена во просторијата, вие ќе се истакнете од толпата и ќе го привлечете токму оној маж кој го посакувате. Тоа ќе ви помогне да најдете личност со која ќе се чувствувате интимно поврзани. Вие ќе се чувствувате видено, слушнато, но и сакано. Потребно е време за да ја прифатите вашата автентична женственост, како и многу трпение и вежбање. Но, доколку верувате дека сè што ви е потребно е веќе во вас, вие брзо ќе откриете сосема нова страна од вашата личност. Вие веќе сјаете со сексуалност. Престанете да се воздржувате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар