ОВАА САБОТА: Жељко Јоксимовиќ тропа на тарабука во „Еден на Еден“

Во стандардното време од 19.15 часот на телевизија Телма, оваа сабота ќе ја гледате втората епизода од најпопуларното ток-шоу „Еден на Еден“. Овој пат Жаре го угости еден од најпознатите пејачи на овие простори, мега-ѕвездата Жељко Јоксимовиќ.

Жељко во емисијата открива детали од својот приватен живот, зборуваше за неговата кариера, а Жаре го натера да отсвири што повеќе музички инструменти за само 60 секунди, па Жељко се фати за хармоники, тарабуки и што уште не.

Секако, ќе има изненадувања за публиката, а ќе има и многу вредни подароци за тие кои ќе ја гледаат емисијата на ТВ. Затоа, оваа сабота во 19.15 часот бидете вклучени на Телма за „Еден на Еден“!

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар