Поезија: Постоење

Автор: Пеперутка

ПостоењеПостоиш ли?
Вистински си или само те замислувам?
Но, не само што те замислувам,
јас те чувствувам!
Те чувствувам како бакнеж на пеперутка,
оној најнежен трепетен допир
што го прави моето срце живо.
толку нежно, а толку силно
те чувствувам,
толку доволно за да постојам.
Но, постојам само ако постоиш и ти.
Во постоењето е мојата смисла,
во постоењето е твојата душа,
постоењето е наша мисла.
Постоиш, затоа што те чувствувам
и без да те видам, затоа си вистински.
Зашто правиш да живеам,
зашто така постојам.
И јас сум вистинска кога ме чувствуваш,
дури и кога не знаеш
и кога не ме гледаш.
јас постојам.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. gabi Reply

    lubovta,e misterija koja vo trepetot na peperutkata mozi da se osoznae,taae tajna otrovna…

Остави коментар