Неделно утро… кафе и сок… досада

Гостински пост: Високо Ц

Погледот низ прозорецот не е ни малку сличен на оној на Кери Бредшо во „Сексот и градот“. Ни мојот обид за срцепарателно искажување на размислувањата не е ист. Мислам, кого залажувам? Што може да каже некој кој за месец дена полни 30, нема дечко, има работно време од 8 до 4 и пауза од 30 минути помеѓу 12 и пол и 1? Можеби ништо, а можеби многу.

Неделно утро... кафе и сок... досада

На пример, цимет во утринското кафе може многу побрзо да ви ги разбуди сетилата. Но, нутриционистите  истото го велат и за јаболкото. Иако, замената на утринското кафе со јаболко мене ми изгледа како предавство.

Кафе… Зачудувачки моќен напиток употребуван низ вековите за (без посебен редослед): рассонување, размножување, раскинување, разбирање, разговор, работа, релаксирање… и веројатно за уште многу други на буквата „р“ или на некоја друга.

И не можам да не помислам дека некако сѐ се врти околу кафето. Почнува или завршува со кафе. Да не го заборавиме и она кафе помеѓу. 3 кафиња на ден. Совршен докторски совет. Ни повеќе ни помалку. Доволно. 5 оброци, 3 кафиња, 1 ден. И така секој ден.

Кога сме веќе толку зависни од кафето, се обидов да најдам дефиниција за него во мојот омилен (саркастичен, злобен и неодоливо реален, без пардон) Ѓаволов речник. И замислете, го нема. Не можам да не се запрашам, дали, по дефиниција, ако го нема кафето во Ѓаволовиот речник, значи дека е дел од рајот?!? Знам дека е дел од мојот секако, но сепак.

Хм. Обидот да го консултирам интернетот, заврши со многу сајтови кои го величат кафето, сајтови кои медицински ги објаснуваат предностите и недостатоците на кафето, компании кои ни нудат различни вкусови и мириси, рецепти за подготовка со спецификации за соодносот на кафе, вода, шеќер, млеко и што уште не, а сепак ниту еден не ми го даде одговорот кој го барав.

Неделно утро. Пред мене вториот филџан кафе со цимет и лажичка млеко. За жал, правилото 3 кафиња на ден, не важи кај мене. Одамна стапи на сила „Кафето е мојот рај, а од рајот никогаш премногу!“ Мојот партнер, господинот Лаптоповски веќе ми се жали дека е гладен. Одам да го приклучам на неговиот извор на енергија, а јас да му се вратам на мојот и да уживам на раат.

На здравје кафе почитувани мои!

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. ZARKO Reply

    POZDRAV MOJA ‘KAFE’ SESTRO ?

  2. Kafemanijacka Reply

    i mene mi se pie kafica :s

  3. Huhu Reply

    se pronaogjam u muabetov…kolku i da sakam da namalam so kafe, sepak nikogas dovolno =))) ama sepak koga vekje e zadovolstvo zosto da si go skratuvame? =)))

  4. coffeelove Reply

    Actually, this seems to be the basic need of the human heart in nearly every great crisis – a good hot cup of coffee.

    Alexander King

Остави коментар