18 книги кои треба да ги прочитате пред да излезат филмовите кои се базирани врз нив

Кога станува збор за книгите кои ќе добијат своја екранизација, 2016 без сомнение ќе биде возбудлива година. Но, велат книгата е секогаш поубава од филмот, па имаме доволно време да се убедиме во тоа додека ја чекаме премиерата на филмските остварувања. Звучи примамливо и интересно, се согласувате?

1. 13 часа: Што навистина се случи во Бенгази (13 Hours: The Inside Account of What Really Happened In Benghazi/13 часа) – Мичел Закоф

(0)-18-knigi-koi-treba-da-gi-prochitate-pred-da-izlezat-filmovite-vo-2016-kafepauza.mk

Ова е вистинска приказна за шест војници и сè што тие преживеале во текот на 13 часа, кога американската мисија и седиштето на ЦИА биле нападнати од терористи во Бенгази.

2. Петтиот бран (The 5th Wave) – Рик Јенси

(1)-18-knigi-koi-treba-da-gi-prochitate-pred-da-izlezat-filmovite-vo-2016-kafepauza.mk

Во овој научно фантастичен роман, 16-годишната Кејси Саливен е една од неколкуте преживеани луѓе на Земјата. Планетата била нападната од вонземјани познати како Другите, кои доаѓале во бранови (прекин на електричната енергија, уништување на крајбрежјата, болести, масовно убивање). Во исчекување на петтиот бран, таа мора да се заштити себеси и не смее да верува на никој ако сака да го спаси нејзиниот помал брат пред да биде предоцна.

3. Најдобрите часови (The Finest Hours) – Мајкл Џ. Тугијас и Кејси Шерман

(2)-18-knigi-koi-treba-da-gi-prochitate-pred-da-izlezat-filmovite-vo-2016-kafepauza.mk

Станува збор за вистинската приказна зад спасувачката мисија Пендлтон, каде два брода се судриле на сред море, за време на една од најбруталните зими во Нова Англија.

4. Гордост и предрасуди и зомби (Pride and Prejudice and Zombies) – Џејн Остин и Сет Грејам-Смит

(3)-18-knigi-koi-treba-da-gi-prochitate-pred-da-izlezat-filmovite-vo-2016-kafepauza.mk

Продолжението на литературната класика на Џејн Остин започнува кога мистериозна чума го зафаќа Меритон, каде што мртвите се враќаат помеѓу живите.

5. Изборот (The Choice) – Николас Спаркс

(4)-18-knigi-koi-treba-da-gi-prochitate-pred-da-izlezat-filmovite-vo-2016-kafepauza.mk

Тревис Паркер ужива во животот – има добри пријатели, практикува спортови на вода, патува и има одлична работа. Но, кога Габи Холанд се преселува во соседната куќа сѐ се менува…

6. Како да бидете сингл (How to Be Single) – Лиз Тучило

(5)-18-knigi-koi-treba-da-gi-prochitate-pred-da-izlezat-filmovite-vo-2016-kafepauza.mk

Од авторката на книгата „Тој едноставно не е заинтересиран за тебе“, станува збор за приказна која ја следи Џули, осамена жена на триесетина години, издавач на книги, која живее во Њујорк. Џули е приморана да организира вечер на „слободни жени“ откако сопругот ја оставил нејзината пријателка, но таа сфаќа дека е уморна од слободниот живот и дека сака да најде љубов. Токму затоа и се откажува од работата и тргнува на патување низ светот.

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар