Вистински животни приказни што ќе ве наполнат со оптимизам - Part 2

Вистински животни приказни што ќе ве наполнат со оптимизам

Детски дух

„Бев на работа кога сопругата ми се јави. Кренав слушалка и слушнав машки глас: ’Добар ден, Николас. Вашата сопруга е во болницата Св. Френсис. Можете да дојдете?’ Не поставував прашања, само дотрчав до автомобилот и отидов таму. Кога ја најдов сопругата, таа седеше со ногата во гипс.

’Што се случи?’, ја прашав.

Таа го спушти погледот и тивко одговори: ’Скокав.’

’Скокаше? Каде?’

’Скокав од каучот на фотелјата и си замислував дека има вулкан под мене…’“

Моќта на шпагата

„Сестра му на другар ми имаше интервју за работа во една многу добра компанија. Тие ја прашале кога би сакала да земе одмор. Таа ги одбрала датите по случаен избор. Ја прашале колкава плата сака да има. Таа ја кажала првата бројка што ѝ дошла на памет. Потоа, ја прашале дали може да направи нешто што нејзиниот потенцијален менаџер не може. Таа размислила и кажала: ’Можам да направам шпага’. Навистина направила шпага и ја вработиле.“

Примирје

„Кога си легнуваме во кревет со сопругот по караница, секогаш спиеме со грбовите свртени еден кон друг. Еднаш, нашата мачка нѐ смири. Легна на средина од креветот и решив да ја прегрнам. Се свртев и сопругот се сврти во истиот момент, бидејќи и тој сакал да ја прегрне мачката. На крајот ние се прегрнавме. Мирот повторно завладеа.“

Вистински животни приказни што ќе ве наполнат со оптимизам

Дамбо

„Сиот мој живот го поминав со огромни, клемпави уши. Го преживеав малтретирањето на училиште и постојаните шеги на факултет. Дури и се омажив со такви уши. На сопругот отсекогаш му се допаѓале и честопати ме викаше ’Дамбо’, што ме лутеше и развеселуваше истовремено. Пред некое време, конечно направив операција. Сега сум навистина среќна. Имам нов живот. Ушите не ми се клемпави и изгледаат одлично. Мислев дека сопругот никогаш повеќе нема да искоментира нешто за моите уши. Што мислите вие? Сега ме вика ’Не-Дамбо’.

Висок штрумф

„Поминував покрај една зграда и видов огромен маж висок 2 метра како ѕвони на интерфон. Се слушна еден злобен детски глас: ’Лозинка’. А мажот одговори: ’Штрумфови’.

Јајца од мравка

„Татко ми навистина обожува шеги. Еднаш кога бев дете ме праша дали сум пробала јајца од мравка. Му реков дека не сум пробала. Наредниот ден, тој купи 2 такви мали, бели и триаголни јајца. Ги испржи во тавче, ги стави во чинија и ми ги донесе. Одбивав да пробам долго време… На крајот, тој изеде едно и ме натера да го изедам другото. Беше крцкаво и немаше никаков вкус. Кога пораснав, го прашав што беше тоа навистина. А тој ми рече: ’Опушти се, тоа беа само зрна ориз’.“

Нежен моторџија

„Ги обожувам мажите кои си ги носат децата во градинка. Изгледаат толку строго и брутално, а носат розови ранчиња, кадифени зајачиња и мечиња. Денес видов вистински моторџија со долга брада и кожна јакна. Тој зборуваше со неговата ќеркичка на бебешки јазик и дури ѝ дозволи да му стави цветно венче на главата.“

Прочитајте ги и следниве вистински приказни за добрината, љубовта и семејните вредности кои ќе ви ја вратат вербата во човештвото.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар