Рум кафе за вкусен празничен ден

Во духот на празниците, збогатете ја вашата трпеза на првиот ден од новата година со ова вкусно рум кафе!

Рум кафе за вкусен празничен ден

Потребни состојки:
  • 4 кафени лажички црно кафе
  • 600 милилитри вода
  • 3 кафени лажички шеќер
  • 4 кафени лажички чоколадо во прав
  • 1 пакување шлаг пена од чоколадо
  • 2 кафени лажички рум
  • 40 грама бело чоколадо
Начин на подготовка:

Во поголемо ѓезве ставете вода, додадете шеќер и почекајте да зоврие. Потоа додајте го црното кафе, промешајте и почекајте да се направи пена. Тргнете го ѓезвето од ринглата, оставете го талогот да се намали, а потоа процедете низ густа цедалка. Во исцеденото кафе додајте ги румот и чоколадото во прав и промешајте. Шлаг пената од чоколадото подгответе ја според упатството на кесичката. Ставете го кафето во 4 шолји и одозгора со помош на слаткарски шприц нанесете го шлагот од чоколадо и посипете со малку рендано бело чоколадо.

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар