Кофеинот го намалува ризикот за рак на дојка

Според најновите истражувања објавени на „Breast Cancer Research“, кофеинот може да го намали ризикот од некои видови рак на дојка до 55%. Истражувањето било спроведено од шведските истражувачи од институтот Каролинска во Стокхолм. Преку него се открила директна корелација помеѓу дневното внесување кофеин во организмот и развивањето подвид на рак на дојка наречен „естроген рецептор-негативен рак на дојка”.Кофеинот го намалува ризикот за рак на дојкаВо истражувањето учествувале 6.000 жени од Шведска. Откриено било дека жените кои пиеле по 5 или повеќе шолји кафе на ден, ги намалувале шансите за добивање на ваков вид рак за повеќе од 55%. Иако тоа е огромна количина на кафе за да се пие во еден ден, сепак ефектите од неговото консумирање играат голема улога во заштитата од сериозно здравствено нарушување кај жената.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар