Шишање (Skinning)

Филм за загубената генерација на деца преполна со гнев кон другите и кон животот, за оние со кои лесно се манипулира, за… скинерите

Шишање (Skinning)Режија: Стеван Филиповиќ

Играат: Никола Ракочевиќ, Виктор Савиќ, Никола Којо, Наташа Тапусковиќ

Времетраење: 98 минути

Јазик: српски

Премиера: 6 октомври 2010

Жанр: акција, драма

Официјален веб-сајт

Наша оценка: 7/10

____________________________________________________________________________________________
Српската кинематографија како најмногу да е заинтересирана за животот на малите луѓе фрлени во вртлогот на високата политика. Прво беа филмовите за физичките и емотивните жртви по или за време на војната во 90-тите, а сега се приказните за онаа изгубена младина директен производ на режимот на Слободан Милошевиќ. Растурени семејства, деца што не можат да се пронајдат себе си во времето и просторот и имаат чувство дека нема напред, нема иднина. Пинки и Шваба во „Рани” станаа дел од српското подземје, сурови убијци кои ниту за момент не размислуваат за последиците од тоа што го прават. Додека Новица во „Шишање” влегува во скинерска банда каде болните идеи за чиста Србија го менуваат – од математичка надеж во уште еден пион на политичките моќници.
—————————————————————————————————————————————————

Приказна: Новица (Никола Ракочевиќ) е српски средношколец – примерен ученик и миленик на професорот по математика. Но, Новица е и дете чиј единствен пријател му е неговиот братучед и живее само со татко му кој буквално е како „домашно растение”. По ненамерно пријателство со еден скинер, Реља (Виктор Савиќ) пополека навлегува во мала скинерска банда и од повлечено момче станува малиот Хитлер во групата. Неговите пријатели-скинери со години зборуваат за она што би требало да го направат, отвораат веб-сајтови, повремено се тепаат на фудбалски натпревари, но Новица е единствениот доволно гневен за да тргне и кон вистинско „чистење” на Србија од сето она што го сметаат за валкано, а тоа најверојатно е сè околу. Сепак, Новица како и секој пред него и секој под него е марионета во рацете на политичките фотелјаши, оние кои всушност и ги вбризгуваат идеите во младите мозоци и од сенка ги влечат сите конци.Шишање (Skinning)Шишање (Skinning)Можеби кој било фанатизам во животот – дали е тој математичкиот или пак оној на скинерите, не е добар. Сепак, понекогаш мора да одбираш помало зло од двете – што се чини дека во земјите од Балканот е повеќе практика отколку случајност. Шишање (Skinning)Режисерот Стевановиќ прикажува една страна на Белград која и не сме имале можност да ја гледаме на филмското платно. Сепак за да биде „must see“ филм и во светските киносали, на „Шишање” му се потребни и неколку силни состојки – прво масовност на сцените кои вака на моменти изгледаат малку смешно; второ група на скинери која е поголема од 10 души, па да поверуваме дека се и навистина важен фактор во општеството (како што се третираат во филмот) и може да направат некои промени; и на крај малку повеќе навлегување во приказната и психологијата на Новица и тоа што го довело таму каде што е. Шишање (Skinning)Кинематографија: „Шишање” снобовски кажано, е еден од поурбаните филмови од српската „кујна”. Нема турбо-фолк и шмркање кокаин, цицлести пејачки во евтини кафеани, печено прасе и златни ланци. Тука повеќе гледаме бетонски градби, скривници и високи облакодери, еден вид бетонски стерилен предел на кој црниот „док мартинс“ одлично легнува. На моменти влегуваме и во животот на онаа српска интелектуална елита која пие виски, пуши пури и нормално смета дека е над џганот на улиците. Гледаме и кинески ресторани, и елитни собири, и огромни библиотеки, и српски валкани или добри полициски детективи прикажани во малку американски стил. Но, и тоа е можно гледање на работите затоа што хулиганите не се секогаш тие со палката в раце туку се и во убавите костуми, на телевизиските екрани, на некое кожно столче…  Шишање (Skinning) Кога и како да го гледате: Овој филм поубаво е да го погледнете во домашна атмосфера и тоа ноќно време. Не дека не можете да уживате и во други услови, туку за филмчиња за скинери секогаш поубаво е да е темница. Предупредуваме дека во филмот има и крв и неколку (не многу) непријатни сцени, а и доколку имате деца, нормално не е пожелно да бидат со вас. И за крај – интересна е балканската филмска солидарност – кога доаѓа филм од Србија или некоја друга блиска земја, најчесто едноставно гледаме со повеќе симпатија, па никако нема да заспиете и ќе го истерате до крај. Не дека филмот е лош туку едноставно ако беше американски филм можеби и ќе затворевте очи. Вака важат поинакви правила.Шишање (Skinning)

За авторот

Поврзани содржини

  1. Дејан Reply

    добар филм :)

  2. Milena Reply

    Sakam samo da recham deka recenziite na site filmovi vi se odlicni!

Остави коментар