20 одлични (и помалку познати) филмски наслови според најголемите љубители на филмовите - Part 2

20 одлични (и помалку познати) филмски наслови според најголемите љубители на филмовите

6. Син дожд (Blue Rain)

(6)20-odlichni-filmovi-spored-ljubitelite-na-filmovi-kafepauza.mk

Бездомник кој се крие од целиот свет, има само еден сон – одмазда. Режисерот успешно го претворил баналниот заплет во сериозна драма со неверојатна порака.

7. Сингл маж (A Single Man)

(7)20-odlichni-filmovi-spored-ljubitelite-na-filmovi-kafepauza.mk

Џорџ, професор по англиска литература, си дава само еден ден да одговори на прашањето дали тој има иднина. По смртта на неговата девојка, тој треба да најде причина за живеење. Ова е навистина неверојатен филм со одлична приказна и брилијантна глума.

8. Самсара (Samsara)

(8)20-odlichni-filmovi-spored-ljubitelite-na-filmovi-kafepauza.mk

Ова е неверојатно 90-минутно патување низ најневеројатните места на Земјата. Режисерот ја открива поврзаноста помеѓу сите настани и луѓе на планетата, кругот на раѓањето и смртта и различноста во светот. Тој ни покажува дека крајот навистина е почеток и дека нема од што да се плашиме.

9. Силеџија (Goon)

(9)20-odlichni-filmovi-spored-ljubitelite-na-filmovi-kafepauza.mk

Даг е работник во еден мал бар во неговиот град. Еден ден му се појавува можност да стане играч на хокеј, иако тој не знае ни да лизга. Сепак, ако посакувате нешто, тоа ќе се оствари. Ова е весела и убава приказна за тоа како животот на еден обичен човек целосно се променува.

10. Електрични деца (Electrick Children)

(10)20-odlichni-filmovi-spored-ljubitelite-na-filmovi-kafepauza.mk

Едно 15-годишно девојче од Јута наоѓа забранета касета со рок музика. Откако ја слуша, таа чувствува емоции кои никогаш досега не ги почувствувала. 3 месеци подоцна таа открива дека е бремена и одлучува дека таткото на детето е музичарот од касетата. Таа решава да го најде по секоја цена и тргнува на своето патување. Оваа луда приказна ќе го натера секого да се вљуби во животот и да верува во себе.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар