20 одлични (и помалку познати) филмски наслови според најголемите љубители на филмовите

20 одлични (и помалку познати) филмски наслови според најголемите љубители на филмовите

Овие филмови не се познати како големи блокбастери, но милиони љубители на киното низ целиот свет уживале во нив. Иако не се популарни, следниве 20 филмови се навистина интересни, важни и неверојатни.

1. Издвоеност (Detachment)

(1)20-odlichni-filmovi-spored-ljubitelite-na-filmovi-kafepauza.mk

Ова е приказна за учител по англиска литература кој ги заменува редовните учители во сиромашни соседства. Животот на училиште што го гледаме е суров и разочарувачки, а главниот лик минува низ навистина тежок период. И покрај тоа, тој се обидува да ги надмине своите тешкотии и да ги инспирира своите ученици, притоа станувајќи омилениот учител.

2. Најбрзиот мотоцикл во светот (The World’s Fastest Indian)

(2)20-odlichni-filmovi-spored-ljubitelite-na-filmovi-kafepauza.mk

Во овој филм е претставен животот на еден познат човек од Нов Зеланд кој минува децении обидувајќи се да го претвори својот мотоцикл од 1920 година во машина за тркање. Оваа приказна ќе ви покаже колку е важно да не го предадете својот сон и да ги игнорирате шегите на ваша сметка, како и сомнежот дека ќе го постигнете она што го сакате.

3. Безредие (Lawless)

(3)20-odlichni-filmovi-spored-ljubitelite-na-filmovi-kafepauza.mk

Главни ликови се двајца браќа кои истовремено се борат против сè и сите – нивните соперници, полицијата, но и нивните страсти. Филмот е полн со гангстерски ѕвезди, а дејството е навистина динамично.

4. Олдбој (Oldboy)

(4)20-odlichni-filmovi-spored-ljubitelite-na-filmovi-kafepauza.mk

Главниот лик во филмот е киднапиран за време на роденденот на неговата ќерка. Тој поминува 20 години во самица без да знае кој го киднапирал и зошто. Еден ден, без никакво објаснување тој е ослободен. Овој корејски филм има одлична музика, прекрасна кинематографија и одлична глума.

5. Небраска (Nebraska)

(5)20-odlichni-filmovi-spored-ljubitelite-na-filmovi-kafepauza.mk

Неверојатен црно-бел филм за еден старец кој добива писмо дека добил огромна сума пари и тој верува во тоа. Тој се упатува кон Небраска за да си ги земе своите пари. Небраска е филм како прекрасна поема. Сè е совршено овде, освен фактот што не е јасно дали станува за драма или комедија.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар