Стрелец и девица – љубовна комбинација

Љубовната врска помеѓу стрелец и девица е хармонична, оформена на цврста основа и задоволувачка за двајцата партнери во многу аспекти. Стрелецот е дружељубива и авантуристичка личност, која постојано нешто истражува, додека девицата сака да ги анализира резултатите од неговото истражување. Очигледно е дека двајцата обожаваат долги разговори.Стрелец и девица – љубовна комбинацијаНа почетокот девицата можеби ќе има големи очекувања од стрелецот и ќе очекува совршена врска, која не е „по вкус“ на стрелецот, но тој со тек на време ќе почне да ги цени истрајноста, упорноста и сталоженоста кои го карактеризираат неговиот партнер и чија глава не е во облаците.

Девицата и стрелецот имаат уникатен поглед кон животот. Девицата е практична, посветена и концентрирана, а стрелецот е енергичен и секогаш наоѓа задоволство во новите животни искуства. На стрелецот може да му биде проблем да се справи со „разумната реалност“ на девицата, додека на неа може да и биде проблем големата темпераментност на стрелецот. Но, во секој случај, девицата може да му понуди на стрелецот сигурност во врската и да му помогне да ги оствари неговите желби, соништа и амбиции. Стрелецот може да додаде разновидност и возбуда во секојдневието на девицата.

Водечка планета на стрелецот е Јупитер, која е симбол на филозофија, образование и патувања. Девицата е управувана од планетата Меркур, која симболизира комуникативност и анализа. Овие партнери уживаат во интерперсоналната комуникација, поради која нивната врска може добро да се одржува на долг рок.  Овие партнери можат да се забавуваат ако длабински дискутираат за некој филм или книга, девицата задржувајќи се на сите детали, а стрелецот заокружувајќи ја пораката која содржината и ја пренесува на публиката.

Овие партнери имаат различни приоритети во животот. Стрелецот сака слобода, а на девицата и е потребна финансиска стабилност и хармонија во семејството. Стрелецот го мотивираат чистите мисли и јасните емоции, а девицата преферира долго да ги обмислува работите. Се додека партнерите меѓусебно си ја докажуваат цврстината и постоењето на нивната љубов, нивната неслога може да биде победена.

Овие партнери уживаат зборувајќи на еден куп различни теми, а за секој од нив е многу едноставно да се заинтересира за оние работи кои другиот ги прави или сака. Исто така, овие знаци немаат проблем да му ја допуштат на својот љубен/а слободата да ужива во индивидуални активности кои не се дел од врската. Нивниот прекрасен стил на меѓусебна соработка и поддршка е навистина за пофалба. Благодарение на овој аспект од нивната врска тие можат да бидат успешни соработници и на професионален план.

Најдобрата работа во нивната врска е емоционалната сигурност која тие можат да си ја овозможат доколку сфатат дека имаат многу сличен животен стил. Тие формираат еден прекрасен љубовен пар, во оној момент кога меѓусебно ќе се научат да го погледнат светот од една поинаква перспектива. Сè додека нивната комуникација е добра и го ценат она кое можат да го научат еден од друг, оваа врска ќе биде стабилна и среќна.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Име Reply

    total disaster

  2. snezanatasova Reply

    taka e vo pravo ste!

  3. veraaaaaaa Reply

    a rak i devicaaaaa??? :/

    • Кафе Пауза Reply

      Комбинациите за знакот рак ќе бидат објавени во периодот на раковите (21 јуни-22 јули)

  4. Sofi Reply

    a devica – rak ?

  5. Gabriela Reply

    poveke od tocno kombinacija strelec-devica 😉

  6. mila Reply

    A kombinacija za devica i bliznaci i devica i devica ?

    • Кафе пауза Reply

      Првата ќе излезе во периодот на близнаците, втората во периодот на девиците.

  7. mila Reply

    vo koj period e toa ako mozi da mi kazite? fala

    • Кафе пауза Reply

      Близнаци: 21.5–21.6, девица: 23.8–22.9

  8. Martina Reply

    stvarno eee taka :)) bravoo !! 😀

Остави коментар