Скорпија и рак – пријателска комбинција

Сподели

Спријателувањето помеѓу два водни знака доаѓа на многу природен начин, бидејќи и ракот и скорпијата се емоционално длабоки личности, кои сакаат да навлегуваат под површината на работите, без разлика дали станува збор за меѓучовечки односи, уметност, политика или филозофија. Овие пријатели никогаш нема да си прават општи муабети кои не водат никаде. Нивниот разговор секогаш има некаква поента и длабочина.Скорпија и рак – пријателска комбинцијаНа скорпијата ù се допаѓа нежната, топла и чувствителна природа на ракот и потајно ужива кога тој ќе ја нагости со голема чинија шпагети или со огромна шолја какао. Од друга страна, ракот ја цени способноста на скорпијата интуитивно да ги прочита неговите мисли и чувства, без тој да изусти ниту еден збор.

Скорпијата никогаш не би го задевала или малтретира ова чувствително другарче, бидејќи и самата е свесна колку боли кога некој ти ги повредува чувствата. Ракот ја обожава посесивноста на скорпијата бидејќи прави да се чувствува сакан и потребен. На сличен начин, на скорпијата ù годи грижливоста и дарежливоста на ракот, бидејќи таа честопати од некоја причина, е принудена да се лишува себеси од најпотребните работи во животот, како добра храна, удобен мебел или практични електрични апарати и алати.

Кога би можеле да настанат проблеми помеѓу овие двајца пријатели? Едното сценарио е кога скорпијата ќе му даде зајадливи коментари и забелешки на ракот, кој е толку лесно повредлив, што веднаш ќе се повлече во неговата замислена заштитна школка, што во превод значи дека ги сокрива своите емоции на некој чуден, вештачки начин. Од друга страна, преголемата дарежливост и покажување внимание и грижа од страна на ракот, може да направи резервираната скорпија да се почувствува како да тоне под земја од срам, зошто не возвраќа со иста мера. Во секој случај, во поголемиот дел од заеднички поминатото време, овие пријатели си ги игнорираат нивните „слаби точки“ во карактерите, со цел зачувување на нивното одлично другарство.

Двата знака ја обожаваат водата, па поради тоа најверојатно би уживале во пливање, нуркање или возење со чамец/ферибот. Кога станува збор за креативните нешта, овие пријателчиња имаат многу заеднички интереси како на пример печење некое вкусно јадење, одгледување цвеќиња, разменување детективски романи, гледање квалитетни филмови кои ќе успеат да ги разбудат нивните сетила и уште многу други активности. Дури и кога ќе направат и организираат сè што сакале да сторат, сепак и најздодевните домашни задачи им изгледаат интересно, сè додека ги извршуваат заедно.

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. odd Reply

    tachno e se shto prochitav

Остави коментар