Манекенка прошета на модната писта доејќи го своето дете

Манекенката Мара Мартин се најде во центарот на вниманието откако помина на модната писта доејќи го нејзиното бебе како дел од ревијата на Sports Illustrated. Настанот бил опишан како инспиративен од многу медиуми, а Мара на својот Инстаграм профил напишала:

Модел прошета на модната писта доејќи го своето дете

„Многу сум благодарна што можам да ја споделам оваа порака и се надевам дека ќе го нормализирам доењето и ќе им покажам на другите дека жените можат да направат сè.“

Се разбира, не сите биле импресионирани. Помеѓу позитивната енергија и почитта, имало и доста критичари и луѓе кои ширеле омраза.

Модел прошета на модната писта доејќи го своето дете

„Мислам дека е одвратно.“

„Го поддржувам доењето. Извади ја дојката, не ми е грижа. Но ова е навистина глупаво.“

„Ако друга мајка помине на пистата со нејзиното дете кое јаде златна рипка дали ќе ја третираме исто? Немам ништо против доењето, но си можела да почекаш 5 минути да прошеташ на пистата, па да го нахраниш детето. Ова не е ништо освен барање внимание.“

„Доењето е убаво, но тоа е интимно поврзување. Не треба да се користи за 2-секундно внимание. Неа ѝ е потребно вниманието повеќе отколку на детето што му е потребно млекото.“

„Што е следно, да видиме некој во тоалет? И тоа е природно.“

Целиот настан ја отворил дебатата за доењето во јавност, а поддршката што ја добила Мара покажува дека оваа стигма полека се надминува. Нејзината најдобра пријателка, Саманта, не можела да се воздржи и им одговорила на сите кои ја критикувале постапката на Мара.

Модел прошета на модната писта доејќи го своето дете

„До луѓето со негативни коментари: Мара ми е најдобра пријателка. За време на кастингот поминуваше по 12 часа со високи потпетици држејќи го нејзиното дете секој ден од процесот на елиминација. Екипата го сакаше нејзиното бебе, па дури и ѝ предложија да прошета на пистата со него. Кога дојде време да се појави на пистата, веднаш пред да почне ревијата, бебето јадеше. Уредникот предложи да излезе и да го земе бебето со неа. Не беше планирано. Всушност, таа ми прати порака и паничеше по ревијата. Нема ништо лошо во ова. Бебето беше гладно. Крај на приказната. Дали е неопходно да се има жена со протеза на ногата на модната писта? Не, но го направија тоа и беше убаво. Целта на отворениот кастинг беше да се слават сите видови жени, вклучувајќи ги и мајките. И јасно е каде стојат – мајките треба да можат да го хранат своето бебе каде било, кога било и како што сакаат. Мара е неверојатна мајка, жена и пријателка. Не заслужува ништо друго освен поддршка.“

Кои се вашите размислувања на оваа тема?

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар