Се сеќавате на масивниот саркофаг што бил затворен 2.000 години? Само што го отворија!

Пред една недела пишувавме за масивен саркофаг што бил пронајден во Александрија, Египет. Големиот црн ковчег, кој не бил отворен повеќе од 2.000 години, го привлече вниманието на целиот Интернет каде што луѓето се поделија во две категории – оние што сакаат по секоја цена да дознаат што има внатре и оние што се плашат дека со отворањето на саркофагот ќе се ослободи темна сила над нашата контрола, нешто како приказната во филмот „Мумија“ (Mummy).

Изгледа дека желбата на првата група надвладеа, бидејќи научниците го отворија саркофагот. Исто така имаме и добри вести за втората група – Врховниот совет за антиквитети ги поби сите урнебесни гласини за можни клетви (што настанаа најмногу од хистерични таблоиди во Велика Британија, а од таму се проширија низ целиот свет). Во името на науката, саркофагот се отвори и планетата продолжи да си живее на истиот начин како и претходно.

„Саркофагот е отворен, но сè уште не сме удрени од клетва“, шеговито изјавил генералниот секретар на Советот, Мостафа Вазири. „Во него пронајдовме три распаднати мумии, за кои веруваме дека биле воини. Еден од черепите има знаци за фрактура од остар објект. Исто така, саркофагот беше полн со црвена вода од канализација, што навлегла внатре од пукнатина, па тоа и предизвикало мумиите да се распаднат.“

Советот за антиквитети е во процес на тестирање на мумиите со цел да откријат во која ера припаѓале. Тие не веруваат дека биле дел од кралско семејство, бидејќи немало злато или сребрени маски, ниту пак амајлии или статуи кои би укажувале на ова. Исто така нема ни запис на саркофагот на кои стојат нивните имиња.

Додека чекаме да се заврши ова тестирање, погледнете ги и останатите фотографии од пронајдоците.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар