Скорпија и овен – љубовна комбинација

Кога овен и скорпија започнуваат љубовна врска, се запрашуваат како до тогаш живееле разделени. И двата знака ја сакаат моќта и можат да реализираат сè што ќе замислат, сè додека научат како да го делат центарот на вниманието. Скорпијата кога еднаш ќе реши дека сака да биде со овенот, таа е целосно посветена на врската. Од друга страна, овенот не може да ѝ одолее на скорпијата, но не е доволно посветен и предаден на врската. Како резултат на тоа, овие два знака имаат тенденција да запаѓаат во тешки расправии. Страста помеѓу нив е многу голема, што од своја страна доведува до аргументирани караници, со оглед на фактот дека и двата знака имаат љубоморна природа.Скорпија и овен - љубовна комбинацијаСкорпијата обично е потрпелива, но и попосесивна од овенот, па нејзините зборови можат да „печат“ доколку чувствата ѝ се повредени. Наспроти нивните разлики во емотивната преданост во врската, двајцата партнери сакаат да преземаат ризици и да ги користат шансите во животот. Нивните заеднички авантури ја прават оваа врска сé, само не досадна.

Тие можат да имаат проблем во комуникацијата бидејќи овенот е екстроверт, комплетно отворен и директен, додека скорпијата е позатворена, емотивна, а на моменти и одмаздољубива. Во некои ситуации, навистина е потребно примирје помеѓу нив двајца, со цел да се „измазнат“ работите.

И двата знака се предводени од планетата Марс (страст), а скорпијата е предводена и од Плутон (моќ). Кога луѓе со влијание од планетата Марс стапуваат во љубовна врска, тие се како двајца војници на бојно поле – или се сојузници или смртни непријатели. Марс исто така е преставник на страста, што укажува на тоа дека овенот и скорпијата може да уживаат во заеднички поминатото време (и во спалната и надвор од неа). Кавгите се нормална работа, кога станува збор за луѓе кои се ориентирани кон предизвици, а надминувањето на истите е нешто на кое вреди да поработат. Плутон додава екстра интензитет на врската.

Овенот и скорпијата може да имаат успешна врска доколку научат како да соработуваат, комбинирајќи ги емоциите и физичката активност за да ги исполнуваат целите. Скорпијата е стратег и може да му помогне на овенот да ги испланира своите битки, пред да „скокне“ во нив. Таа може да го научи како да се стабилизира и да ги завршува започнатите работи, пред да се втури во нов проект. За возврат, овенот може да ја научи скорпијата да ужива во спонтаноста, односно да прави некои работи само за да стекне ново искуство, а не заради одредена цел. Тој може да ѝ помогне да продолжи да верува и да се надева на успех и среќа, кога нејзиниот труд не се исплател.

Она што е најбитно во оваа љубовна комбинација, е двајцата партнери да функционираат заеднички, а не еден против друг. Кога ќе сфатат дека лојалноста и пожртвуваноста за врската е нивно заедничко чувство, двајцата можат да бидат главни – овенот да биде иницијатор, а скорпијата емоционален лидер. Најдобар аспект од ова љубовно партнерство е комбинацијата од нивните моќи. И двата знака се победници, кои не се откажуваат. Доколку нивната љубов е искрена и длабока, тие ќе се потрудат да ја направат оваа врска број еден.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. laly Reply

    Veruvajte …not pissible

  2. slobodanka Reply

    i taka e sigurno veruvajte

  3. marijana Reply

    marijana -skorpija.trale-oven.70% e da receme taka.Vo sekoj slucaj mi se dopaga tvrdenjevo

  4. aleksandra Reply

    sosema tocno :)

  5. t&s Reply

    epten tocno ;-))))

  6. Acantha Reply

    Шкорпии се и клетва и дар..
    ама клетва повеќе….XD..
    цел живот со шкорпии.. ке ме умрат некој ден…

  7. sunrise Reply

    MOZE DA NAPISETE ZA OVEN I RAK KOMBINACIJA?

  8. danijela Reply

    sovrseno dobro bravo za vas …jas skorpija toj oven 18 godini zaedno

  9. emi Reply

    od pocetok do kraj e tocno,duri ne mi se veruva,16 godini sme zaedno i funkcionirame perfektno….

  10. tina Reply

    sosema tocno 17 godini …zedno

  11. didi Reply

    tocno e ova :) ama ja imam raskinato so oven

Остави коментар