Подгответе се за совршениот бакнеж според хороскопскиот знак

Подгответе се за бакнежот со личноста која ви се допаѓа. Секој хороскопски знак се бакнува на различен начин, и секој сака и очекува одредена подготовка пред да настапи спојувањето на усните. Погледнете како да ѝ се приближите на личноста и како да ѝ пристапите кога ќе дојде моментот да ја бакнете, според нејзиниот знак во хороскоп.

podgotvete-se-za-sovrsheniot-baknezh-spored-horoskopskiot-znak-kafepauza.mk

Овен

Енергични и снажни, овните се водени од Марс, а ако нешто се знае за оваа планета, тоа е дека ја покачува температурата. Овните умеат да ја канализираат сета таа неверојатна енергија преку еден бакнеж. Овој знак го доживува бакнувањето како и сѐ друго – многу импулсивно. Ако сте во врска со овен, подгответе се за огномет.

Бик

Бавно, сензуално и цврсто – тоа е бикот, и баш затоа врските им траат многу подолго отколку на останатите знаци. Другата причина е во нивното чувство за допир – начинот на кој ве допира бикот по раката точно ви дава до знаење дека се подготвува да ве бакне. Со биковите има само романтика.

Близнаци

Ако сте интересни и весели, вие сте по мерка на близнаците. Но, прво мора да го привлечете нивното внимание. Процесот изгледа вака: прво ги погледнувате, па им намигнувате или се насмевнувате и потоа им велите нешто духовито и шармантно. Близнаците обожаваат луѓе кои знаат да одржат конверзација. И на крајот следува бакнежот. Ако сте брзи, секси и забавни, близнаците ќе сакаат уште повеќе. А, ако ве одбијат, тогаш знајте дека сте ја оплескале работата.

Рак

Раковите се топли и брутално искрени. Го сакаат домот и семејната атмосфера. Кога се бакнува, ракот е топол и прекрасен и веројатно нема да сакате да останете само на еден бакнеж со него.

Лав

Со лавовите секогаш се чувствувате како да сте на натпревар од типот „кој ќе ја освои слободната риба“. Ако ви се допаѓа лав, знајте дека сигурно не сте единствените кои чекаат во редот за бакнеж. Ќе победите само доколку максимално се потрудите да ги покажете вашите чувства. Многу едноставно.

Девица

Девиците мразат валканост, неорганизираност и хаотична околина, така што потрудете се да бидете целосно средени за да би можеле да ја придобиете девицата да ве бакне. Ако сте на забава, тргнете се на страна за да бидете на само кога ќе се бакнете. Потрудете се бакнежот да биде нежен, но цврст. Сочувајте ја страсната размена на плунка за некоја друга прилика.

Вага

Вагата е еден од најромантичните знаци во зодијакот. Тие живеат за да ги задоволуваат другите. Финтата е во тоа што истото го очекуваат за возврат. Ако сте личност која максимално му се посветува на партнерот, вагата е идеален избор за вас. Уште ако ѝ покажете дека сакате врска со неа, дефинитивно ќе биде ваша. Излезете на романтичен состанок и потоа пружете ѝ го најромантичниот и најстрастниот бакнеж што некогаш сте го дале. Добрата вест е што таа ќе ви врати во иста мера.

Скорпија

Постои еден збор која ја опишува скорпијата во кое било доба од денот или ноќта – страст. Скорпиите пристапуваат со многу страст. Затоа можете само да замислите што ќе се случи кога ќе застанат лице в лице со личност која им се допаѓа. Скорпијата не може да не ве бакне. И на тој бакнеж ќе се сеќавате многу, многу години.

Стрелец

Стрелците секогаш сакаат повеќе, особено кога се во прашање бакнежите. Затоа, ако сакате да ве бакне стрелец, знајте дека тоа нема да биде воопшто тешко. Но, потрудете се да биде незаборавно, бидејќи ќе имате многу соперници. За да му го задржите вниманието на стрелец, важно е да се бакнувате со него, и тоа постојано!

Јарец

Јарците можат да бидат многу тешки кога е во прашање романтиката, но сепак тоа не е невозможна мисија. Единствено, ќе ви требаат челични нерви и многу трпение за да го постигнете тоа. Мора многу долго време да го подготвувате теренот пред да тргнете во акција, но ќе биде вредно да се потрудите. Нека вашиот бакнеж биде елегантен, префинет и секси.

Водолија

Водолиите се ексцентрични и горди на тоа, но се многу неупадливи кога е во прашање романтиката. Иако тоа нема да го признаат, водолиите не се врзуваат сѐ додека не го најдат вистинскиот партнер. Тоа може да бидете и вие, во зависност од тоа како ги бакнувате. Водолиите сакаат изненадувачки, страсни и поинакви бакнежи. Ако сте за предизвик, пријдете им, погледнете ги продорно во очи и „нападнете“.

Риби

Во умот на рибата, првиот чекор кога треба да одлучи дали да ви дозволи да ѝ се приближите или не, зависи од тоа дали им е пријатно во ваше друштво. Тоа неретко има врска со начинот на кој мирисате, не се шегуваме. Затоа, пред да ѝ пријдете на риба, добро напарфемирајте се, но не пренападно. Нека бакнежот биде нежен и мек и потоа полека запловете во романтика со ова многу чувствително и романтично суштество.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар