Независни, слободни и нескротливи: Врската со овој хороскопски знак е речиси невозможна

Независни, слободни и нескротливи: Врската со овој хороскопски знак е речиси невозможна

Освен тоа што се друштвени, позитивни и слободни во секоја смисла на зборот, родените во овој хороскопски знак не се баш најуспешни кога станува збор за љубовта и врските. Тие не се родени за брачен, односно семеен живот. Тоа е така затоа што најдрагоценото нешто во нивниот живот е слободата.

Независни, слободни и нескротливи: Врската со овој хороскопски знак е речиси невозможна

Секако дека зборуваме за Стрелците. Токму поради нивната потреба за неизмерна слобода, нема да го земаат предвид вашето мислење кога ќе прават планови за иднината. Станува збор за луѓе кои прво гледаат за себе и своите потреби. Вашите чувства не се толку важни и не очекувајте да ви посветува премногу време.

Стрелците не се свесни за сопствените грешки, а кога ќе им ги укажете, подгответе се за голема караница по која вие ќе испаднете виновни. Но, доколку вие згрешите нешто, Стрелецот е подготвен да ви соли памет по цели денови и ноќи. Можат да се „врзат“, но само ако сѐ биде по нивно. На овие луѓе им треба мудар и тактичен партнер. Стрелците се по малку пребирливи и ги забележуваат сите недостатоци и грешки на љубовниот партнер.

Тие поседуваат огромен интерес и љубопитност за светот. По природа се хумани, така што сигурно учествуваат во разни друштвени организации. Стрелците сакаат да се експонираат во јавност и не се задоволуваат со малку.

Доколку по некоја случајност дојде до промена на неговиот личен вкус, Стрелецот нема да продолжи со покажување интерес кон истата личност. Дури и да нема ништо конкретно што му пречи кај тој човек, тој ќе ја прекине врската. Според Стрелецот, љубовта и животот се еден вид натпревар и игра.

Стрелците не се многу успешни во бракот. Нивниот партнер мора да има отворен поглед кон работите, не смее да биде љубоморен и понекогаш мора да биде подготвен да попушти дури и ако тоа не е во неговата природа. Тој ќе мора да биде вистински уметник за да може да го следи темпото на Стрелецот и да ги задоволува неговите интереси.

Не е тешко да се живее со Стрелците, бидејќи тие лесно се прилагодуваат на секоја ситуација и подготвени се да прават компромис. Меѓутоа поради нивното отсуство на емоции и големата нетолеранција за сѐ што е ограничено или строго утврдено со правила, партнерите на овој хороскопски знак мора да ги прошират нивните хоризонти за да се најдат на иста бранова должина со Стрелецот.

Стрелците имаат голем натпреварувачки и авантуристички дух. Тие се весели и интересни сопатници кои љубовта ја доживуваат како среќна околност. Сите нивни чувства и желби се вртат околу брзата и моментална акција.

Доколку се заљубите во личност родена во овој знак, мора да покажете големо трпение и разбирање за неговата потреба за слобода. Но, нема сомнеж дека Стрелецот ќе ви ја отвори вратата кон многу нови искуства и доживувања кои никогаш не сте помислиле дека се возможни.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар