Јарец и водолија – љубовна комбинација

Кога ќе се спојат јарец и водолија во љубовна врска, тие настојуваат да си ги извлечат позитивните работи еден од друг. Јарецот е попретпазлив, со рационален поглед на животот, додека водолијата е нестабилна, грижлива и со идеалистички пристап кон скоро сè. На површината, може да изгледаат како тотално спротивни луѓе, но штом се „шмекнат“ еден со друг, се формира нераскинлива врска.Јарец и водолија – љубовна комбинацијаИ јарецот и водолијата можат да бидат тврдоглави до степен што ниеден од нив да не биде желен да направи компромис. Јарецот тежнее да биде организиран и секогаш размислува за последиците. Водолијата е модерна и смета дека рутините се проблематични и здодевни.

Јарецот ќе и се воодушевува на водолијата, но може да се исфрустира барајќи логика во мистичниот, неорганизиран ум на неговиот партнер. На водолијата нема да и се допадне доминантноста кај партнерот, но ќе се чувствува фино поради поддршката која тој и ја дава и ќе и олесни што конечно има некој во нејзиниот живот кој се грижи за нејзините лични проблеми и чувства.

И јарецот и водолијата се раководени од планетата Сатурн, додека таа е и од Уран. Сатурн е ладен, со традиционална енергија. Влијае на ориентирање кон постигнување на целите и напредно размислување. Уран пак, се однесува на сè што е различно и необично.

Јарецот ќе и покаже на водолијата живот базиран на организација, рационалност и комфор. Водолијата пак, може да му помогне на својот јарец да научи да „сонува“ и повеќе да се залага за своите верувања.

Водолијата го истражува животот низ случајности, а јарецот секогаш очекува специфичен резултат. Понекогаш, овие два партнера можат да го сфатат размислувањето на другиот. Може да се појават и конфликти доколку јарецот е многу строг или доколку водолијата се занесе по чести патувања и „фенси“ живот.

Двата партнери мора да сфатат дека секој од нив си го живее животот на уникатен начин, но ова е добро бидејќи вака тие секогаш ќе имаат многу различни работи да си споделат меѓу себе. И двајцата знаат да бидат  тврдоглави и да поседуваат силен мотив за да го добијат она што го сакаат. Доколку имаат план, ќе се држат до него, сè додека не се оствари замисленото.

Јарецот сака да си дава идеи и да раздава задачи. Водолијата со срце ќе сака да му помогне, доколку тој и даде конкретна улога во работата. И во нивната заедничка работа може да произлезат конфликти од истата причина, тврдоглавоста присутна кај двата знака. Но, ова ќе се избегне доколку тие сфатат дека работат заедно за постигнување на заедничка цел и само на овој начин ќе ги видат посакуваните резултати.

Најдобриот аспект од љубовното гнездо сочинето од јарец и водолија е нераскинливата врска која ја имаат откако стапиле во љубовно партнерство. Оваа врска ќе биде корисна и задоволувачка за партнерите. Нивната љубов ќе биде од значење не само за нив самите, туку и за сите околу нив.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. анниа. Reply

    може љубовна комбинација за јарец – стрелец и јарец – лав?? :)

  2. анниа. Reply

    Tnx anyway.. 😀

  3. svetlana Reply

    moze li ljubovna kombinacija za ribi i vodolija….?

    • Кафе пауза Reply

      Секако дека може Светлана. Токму сега е периодот на водолија, а комбинацијата со риби е последна зошто риби е 12 знак. Тоа значи дека некаде во првата декада од февруари ќе ја објавиме таа комбинација.

  4. svetlana Reply

    ok fala vi mnogu..:D

  5. Име Reply

    Navistina e tocno :

  6. Marina i Martin Reply

    Sekoj del e vistina… !! =)

  7. denizzz Reply

    da sve e vistina sto e kazano,ima i tvrdoglavost i ljubov ima zivot kakov sto sakame:)

  8. Anna Reply

    huhuhhu tocno…<33!

Остави коментар