Јарец и овен – пријателска комбинација

Дружењето со овен, за јарецот претставува голем предизвик, но тоа не преставува проблем бидејќи јарците се секогаш расположени за предизвици. Од друга страна, овенот може понекогаш да се прашува: „зошто воопшто се здружив со овој човек“, но кога ќе му стигне возбудлив имејл од јарецот, во кој му праќа линк со одличен оглас за работа, за позиција за која смета дека е створен, овенот веднаш ќе се разведри. Јарецот успева да ја подигне самодовербата кај овенот, благодарение на неговата сериозност и посветеност. Врз основа на тоа, ако јарецот мисли дека работната позиција е одлична за него, тогаш овенот и сам ќе поверува во тоа.Јарец и овен – пријателска комбинацијаПретставниците на овие знаци, имаат спротивни карактери во секоја смисла на зборот. Јарецот е спокоен и мирен, а овенот има вечно „усвитена“ глава. Јарецот сака да ужива во животот, а овенот сака инстантно да ги решава сите проблеми кои ќе му се појават на патот. Јарецот е скептичен кога станува збор за експериментирање со нешто ново, а овенот има бесконечен прилив на идеи.

Се прашувате дали овенот и јарецот имаат нешто заедничко? Одговорот е да. Тоа е нивната екстремна амбициозност. Доколку меѓусебно се поддржат во остварувањето на нивните високо поставени цели, тие можат да оформат долготрајно и цврсто пријателство. Овенот секогаш ќе може да смета на поддршката и охрабрувањето од страна на јарецот. Овенот за возврат му нуди возбуда и стимулација – особини кои очајно му недостасуваат на јарецот.

Кога станува збор за нивните разлики, овие два знака во суштина, можат да ги искористат во нивна обострана полза. Така, јарецот може да го научи овенот како да го забави темпото на живот и да се опушти уживајќи во мирисот на цвеќињата, а тој за возврат може да го научи јарецот да биде поимпулсивен.

Што се однесува до нивните заеднички активности и интереси, овенот и јарецот може да уживаат во повеќечасовно трчање, во разговори за политика и историја, слушање музика и осознавање на начинот на кој функционира некој гаџет.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. Име Reply

    bravo be…jas sum jarec a zenami e oven pa se e kako so pisi.
    pozz

Остави коментар