Јарец и близнаци – љубовна комбинација

Кога јарец и близнаци се во љубовна врска, ним може да им биде проблем да се сетат зошто воопшто се заедно, бидејќи начинот на кој секој од нив го перцепира светот околу себе е сосема различен. Доколку нивната врска се базира на љубов и меѓусебна почит, тие ќе можат да ги надминат сите пречки на патот, но за тоа да се случи, мораат многу да се трудат.Јарец и близнаци – љубовна комбинацијаНа близнакот му е неопходна слободата да размислува без никакви ограничувања, бидејќи своите одлуки тој ги донесува како резултат на неговата снаодливост, досетливост, хумор и храброст, туркајќи го животот со голема брзина. Од друга страна, на јарецот му се битни напредокот и статусот кои го има во општеството. Тој има тенденција да ги следи правилата и така да го пронајде најбезбедниот, испробаниот и вистинскиот начин да стигне до успехот, без разлика колку време тоа ќе трае. Близнаците сакаат да ја скратат постапката на работите, а јарецот сака да ги изврши совршено, целосно и темелно.

Љубовната врска помеѓу јарец и близнаци е предизвикувачка, бидејќи тие имаат многу да научат еден од друг, за да можат да успеат да се сретнат на половина пат. Јарецот е многу непретенциозен и тивок, што е тотална спротивност на близнакот, кој е екстровертен, дружељубив и енергичен. Јарците најчесто се спори, одмерени и тврдоглави личности, а близнаците се флексибилни, и многу често се предомислуваат.

Близнакот има брз ум кој веднаш успева да ги пронајде дупките во законот, додека јарецот е жилав, упорен и тежок за убедување дека искористувањето на некој скратен пат до целта е подобра идеја, отколку да се следи „обележаниот правец“, кој знае дека ќе го одведе до успехот.

Ако овие двајца партнери успеат меѓусебно да се разберат и да ги спојат нивните сосема различни гледишта на работите, ќе постигнат многу повеќе заедно, отколку што би постигнале секој посебно. Јарецот и близнакот се многу подобри бизнис партнери, отколку љубовници.

Близнаците се предводени од планетата Меркур, која е симбол на комуникацијата, додека јарецот е управуван од Сатурн, кој симболизира моќ. Влијанијата на овие две планети си контрираат едно на друго. Сатурн внесува студена, мажествена енергија во јарецот, која му помага да биде истраен и решителен, за да може да ги надмине сите тешкотии. Меркур во близнакот внесува двополова енергија, која му овозможува да ги комбинира неговата комуникативност и интелектуалниот дар, за да ги остварува своите цели. Ниеден од овие хороскопски знаци не се откажува лесно, но на љубовно поле, тие можеби ќе мораат да си ги потиснуваат нивните природни чувства за да спречат недоразбирања.

Близнаците го доживуваат нивниот љубовен живот многу површно, како и останатите работи во животот. Јарецот може да ја потиснува ентузијастичката природа на близнакот, ако партнерите не се придржуваат до сопствените граници на самоконтрола во врската.

Јарецот е практичен, постојан и делотворен. Тој не чувствува потреба да презема ризик, ако не постои гаранција дека истиот ќе му се исплати. Близнаците од друга страна, се аналитични и сè базираат на факти. Тие обожаваат да преземаат ризици и да ги реализираат нивните инвентивни идеи, без разлика каде тие ќе ги одведат.

Во врската, јарецот е иницијатор и сака да ги држи работите под контрола. Близнаците се прилагодливи и генерално со задоволство ги следат желбите на јарецот, сè додека не се принудени на тоа. Тие сакаат да се чувствуваат слободни да одлучат дали се согласуваат со нешто или не и ако во некој момент се почувствуваат присилени на нешто, стануваат неразбирливи, непристапни и дистанцирани.

Ако овие двајца партнери ја ценат и вреднуваат нивната врска, тие мораат да научат да се спогодуваат и да си дадат слобода еден на друг. Најдобриот аспект од нивната врска е тоа што тие внесуваат различни квалитети во неа. Оваа љубов е навистина предизвик за јарецот и близнакот, но трудот ќе им се исплати ако си дозволат еден на друг да бидат свои.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. VASE Reply

    TOCNO

  2. emil Reply

    tokmu taka

  3. sneki Reply

    nema nesto sto ne e vistinito

  4. emilija Reply

    mnogu tesko so bliznacive !!!

  5. Nikola Reply

    Tocnoooo..Jarecot e takov! 😀

  6. EMA Reply

    jas sum bliznak heheh…. ako sakas nekogo bilo sto da e ke se prilagodis na nego. jas sum bliznak i lesno se prilagoduvam se razbira dokolku toa silno i glaboko go sakam!

  7. aleksandra Reply

    epa i jas sum bliznak, epa ne deka drugite znaci nemaat kvaliteti,ama kako sto ima bliznakot,energija,pozitivna,idei,predizvici,monotonija ne podnesuva i sve so red,nema ni eden znak sto toa go poseduva by ve sakam

Остави коментар